Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Примањата мора да се изедначат со минималецот – од март ќе нема плата под 22.500 денари

27 дек. 2023 г.·2 мин читање·1874 прегледи

Следете не на Viber

Идната година минималната плата ќе биде 22.500 денари, а просечната 39.500 денари. За ова информира министерот за економија, Крешник Бектеши, кој износите ги објави на својот „Фејсбук“ профил и напиша – „Од март нема да има плата помала од 22.500 денари“.

Претходно и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во „Топ тема“ изјави дека ниту во приватниот, ниту во јавниот сектор не може да има плата под законски утврдениот износ за минимална плата. Односно, сите месечни примања ќе се израмнат со минималецот.

„Со тоа се заштитуваат вработените дека плата исплатена под минимална плата не може да има никој. Тој што имал 22.000 денари, а минималната плата е 23.000, ќе му се усогласи со минималната плата. И сега ако некој зема помала плата од минималната, треба да се пријави на државниот Инспекторат за труд за да може рабодавачот да биде санкциониран и да му се зголеми платата“, посочи Тренчевска.

Инаку, на почетокот – во 2012, минималната плата беше 8.050 денари, а во 2017 се утврди прагот од 12 илјади денари. Всушност, во целиот период има извесни поместувања, а конечното решение за одредување на износот датира од март минатата година. Тогаш со направените измени во Законот за минимална плата се воспостави новата методологија, која се смета за системско решение кое обезбедува постојан раст на минималецот. Корекцијата се прави секоја година во март, кога се врши усогласување со растот на трошоците за живот и на просечната плата од измината година. Како основа за пресметка се земаат официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

Клучни зборови

  • март 2024
  • минимална плата
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk