Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Приливите од печалбарите лани се намалиле за една четвртина

12 мај 2021 г.·2 мин читање·1148 прегледи

Следете не на Viber

Дознаките од странство, кои, како што на прес конференција укажа гувернерката на Народната банка, Анита Ангелоска Бежоска, претставуваат значаен извор на девизни приливи во нашата економија и во просек во преткризниот период изнесувале околу 15 проценти од БДП.  Минатата година имало пад за 24 проценти, а годинава се очекува постепено стабилизирање, но не и враќање на нивото пред кризата. 

Согласно со нашите очекувања, но и очекувањата на меѓународните финасиски институции во глобални рамки, нагласи Ангеловска Бежовска, дојде до пад односно забавување на приватните трансфери во услови на пандемијата.

-Секако тоа се случи и кај нас. Минатата година забележавме пад од околу 24 проценти на дознаките од нашите иселеници, а главните причини може да се лоцираат во два пункта – прво пандемијата која секако ги погодува синхронизирано сите економии, пазарите на труд, го намалува и расположливиот доход на нашите иселеници и оттаму можноста и капацитетот испраќање на дознаки и второ рестрикциите во делот на мобилноста, што е всушност видливо кога ќе се погледне самата структура приливите по основ на дознаките.  За оваа година по падот имаме постепено стабилизирање на износот на дознаките, но и  не очекуваме дека тие оваа година ќе се вратат на преткризното ниво, рече гувернерката одговарајќи на новинарското прашање од Pari.com.mk. 

Клучни зборови

  • дознаки од странство
  • Народна банка
  • печалбари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk