Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Прилепските занаетчии претрпеа огромни штети поради состојбата со корона вирусот

21 мај 2020 г.·3 мин читање·203 прегледи

Следете не на Viber

Околу 350 самостојни занаетчии од Прилеп претрпеа сериозни штети поради пандемијата со корона вирусот. Дел од дуќаните сè уште се со катанци на вратите, а голем број занаетчии кои и претходно не можеа да врзат крај со крај, два месеца немаат никаков приход.

„Пандемијата предизвика сериозни штети, бидејќи ситуацијата со корона вирусот ни наметна сосема нови услови за живот. И кога ќе се отворат дуќаните, едноставно луѓето не излегуваат, не влегуваат в дуќан, стравуваат. Но, сепак ние сме принудени да се вратиме на нашите работни места. Оваа состојба нема да трае бесконечно“, вели Кирил Трпчески, претседател на Занаетчиската комора на Прилеп.

Занаетчиите се задоволни што државата ќе им исплати минимални нето-плати од по 14.500 денари, но сепак се загрижени за придонесите.

„Занаетчиските фирми се кревки, без финансиски резерви, а оваа состојба предизвика неочекувано преголема штета. Има луѓе кои со години нема да може да си дојдат на себе, има поединци кои месеци доцнеа со плати и придонеси, а сега? Критериумите кои што се бараат за апликација за кредит преку Развојната банка занаетчиите не можат да ги исполнат, а сепак планирани се средства за овие дејности. Се надеваме дека надлежните институции ќе имаат слух и за овие наши барања“, додава Трпчески.

Од друга страна Занаетчиската комора на Прилеп, нема фонд со којшто би можела да им помогне на прилепските еснафи да се справат полесно со кризата

„Како комора сè уште исплаќаме стар долг од пред 15 години, кон Фондот за здравство и Фондот за ПИОМ. Среќа, имавме разбирање од градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Советот Миле Талевски, од советниците, па минатата година добивме 600.000 денари помош од Општина Прилеп, за да ја одблокираме сметката. Но, остануваат уште три рати од по 65.000 денари, бидејќи на основниот некогашен долг од 180 илјади денари, извршителите ни пресметаа високи камати“, објаснува Трпчески.

Имајќи ја предвид тешката финансиска состојба речиси кај сите занаетчии, Општина Прилеп ја намали фирмарината, за оние што немаат фискални сметки по 500, а оние со фискални апарати по 1.500 денари годишно. Но, има дуќанџии кои и овие средства ќе немаат можност да ги заработат и да ја намират обврската во одделот за администрирање даноци.

Пред почетокот на пандемијата, иако со напор, многу посветено работеа последните занаетчии кои ги негуваат старите занаети: последните кујунџија, ковач, клучар, тенекеџија, саатчија за поправа на механизми, рамкар. Дел од занаетите се префрлени во домашни услови, како последниот гајдаџија, бочвар, шапкар поради неможноста да ги плаќаат давачките кон државата.

Клучни зборови

  • загуби
  • занаети
  • камати
  • ковид19
  • коронавирус
  • пандемија
  • прилеп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk