Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Приходите од камати повисоки за 21%, добивката за 23% – Стопанска банка Скопје успешна во првото тримесечје

25 апр. 2024 г.·2 мин читање·2495 прегледи

Следете не на Viber

Солидни резултати и висока профитабилност е оценката на Стопанска банка Скопје по одработените први три месеци од годинава. Период во кој и натаму се присутни и домашни и глобални сериозни предизвици. Во такви услови најстарата македонска банка ги надминала досегашните остварувања.

На последниот ден од март забележана е добивка пред оданочување и резервации од 1.345.050 илјади денари, или 21,85 милиони евра. Тоа е за 17 насто повеќе од претходната година. Добивката, пак, пред оданочување е повисока за 23 проценти и изнесува 957.720 илјади денари, односно 15,56 милиони евра, додека чистиот профит е 861,948 илјади денари, над 14 милиони евра.

Скопската Стопанска банка постојано предничи во сумите што ги инкасира врз основа на наплатените камати. За три месеци во овој сегмент има натфрлување од 21 насто. Конкретно, се работи за нето-приход од 1.565.359 илјади денари (25,4 милиони евра). Во истиот лански период е запишана сума од 20,9 милиони евра. Од Банката посочуваат дека растот е резултат на кредитните активности и вложувањето на вишокот ликвидни средства во првокласни инструменти.

Пресметаните и наплатени провизии и надоместоци на Стопанска банка и донеле 213.431 илјада денари (3,46 милиони евра), а овде се работи за зголемување од три проценти. Најголемиот дел од тие средства се должат на реализираните услуги во платниот промет и во работењето со картички.

Исто така, од Банката се задоволни од постигнатата ефикасност во контролата на трошоците. Притоа, посочуваат дека останатите расходи од дејноста и трошоците за вработените достигнале 4,1, односно 4,5 милиони евра. И, за 11 насто се повисоки во споредба со истиот минатогодишен период..

„Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управување со кредитниот ризик е во приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на првиот квартал од 2024 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 387.330 илјади денари“, наведено е во коментарот даден кон неревидираниот финансиски извештај.

На крајот од првото тримесечје, вкупната актива на Стопанска банка изнесува 129.303.255 илјади денари, односно 2,1 милијарда евра.

Клучни зборови

  • добивка
  • ето приходи од камати
  • прв квартал 2024
  • Стопанска банка Скопје
  • Финансиски извештај
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk