Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Прием на нови 25 даночни обврзници кои преминуваат во дирекцијата за големи даночни обврзници

24 дек. 2024 г.·4 мин читање·3271 прегледи

Следете не на Viber

Денес, Управата за јавни приходи организираше настан за прием на нови 25 големи даночни обврзници, кои не припаѓале во групата на големи даночни обврзници и биле администрирани во другите Регионалните дирекции на УЈП.

Од 01.01.2025 година, овие обврзници преминуваат во надлежност на Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО) при Управата за јавни приходи, што значи дека ќе бидат под посебен и персонализиран третман, со поголема поддршка и управување со нивните даночни права и обврски а истовремено се и стимулација на економската стабилност.

На настанот свое обраќање пред претставниците на даночните обврзници имаше директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, која им честита на новите 25 даночни обврзници, истакнувајќи дека тие стануваат дел од ТОП 300 најголеми даночни обврзници во земјата. ДГДО низ годините управува со мал број големи даночни обврзници од 130 до 430, но тие придонесуваат со висок процент од вкупните даночни приходи (од 38% до 48%). Таа додаде дека преминот во ДГДО е само почеток на едно партнерство на доверба и професионализам, кон постигнување на највисоките стандарди на даночна усогласеност и успешното исполнување на даночните обврски.

„Персонализираниот однос со големите даночни обврзници вклучува не само директни контакти преку контакт лица, туку и редовни средби, состаноци и посети, како и внимателно следење на специфичните даночни ризици на секој обврзник. ДГДО ги следи сите фактори што можат да влијаат на даночната усогласеност, како што се инвестиции, трансакции со нерезиденти, трансакции со поврзани лица, како и активности во технолошко-индустриска развојна зона. Персонализацијата во односите со големите даночни обврзници како принцип овозможува ефикасност и ефективност на ресурсите на УЈП” – истакна Петрова.

Таквата соработка како што додаде Петрова, создава услови за подобро разбирање и соработка, што води до меѓусебна доверба и транспарентност помеѓу УЈП и даночните обврзници.

Меѓусебниот кредибилитет и задоволство се основни принципи кои влијаат на поддршката и поттикнувањето на доброволната даночна усогласеност. Преку ова партнерство, УЈП и големите даночни обврзници ќе продолжат заедно да градат стабилен и транспарентен даночен систем.

Управникот на Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО) Пепина Змејковска, на новите даночни обврзници им упати големо добре дојде со порака дека ДГДО е со широко отворени врати за максимална поддршка преку партнерството на цврста основа.

„Вашиот данок, платен на време, значи иднина за државата! Во насока и во согласност со Програмата за работа на Владата 2024-2028 година предвидени се повеќе реформи  дигитализација на даночните процедури со цел искористување на ресурсите а со тоа и даноците да се плаќаат со што е можно помалку вложен труд. Дирекцијата со сите преземени мерки ќе ги зголеми приходите преку процесот на модернизација и оптимизација на системот за наплата, и на тој начин ќе постигнеме зајакнување на нашите интерни капацитети како даночен орган.-истакна Змејковска.

Големите даночни обврзници претставуваат основен столб во собирањето на даночните приходи во секоја земја. Нивното значење не произлегува само од големината на нивниот промет, туку и од нивната комплексност и специфичност, што ги прави особено важни за економија во земјава.

Со вклучувањето на новите даночни обврзници во ДГДО, Управата за јавни приходи продолжува да ја зајакнува својата стратегија за поефикасно и персонализирано управување со најголемите даночни обврзници со цел зајакнување на стабилноста и транспарентноста на даночниот систем во Република Северна Македонија.

Клучни зборови

  • Управа за јавни приходи УЈП
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk