Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Претседателот на ССК, Ангелоски се сретна со амбасадорот на Република Еквадор, Мигел Фалкони Пуџ

23 ное. 2022 г.·2 мин читање·669 прегледи

Следете не на Viber

Унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Еквадор беше фокусот на средбата на претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски и амбaсадорот на Еквадор, Мигел Фалкони Пуџ.

„Искрено ја поздравуваме иницијативата за соработка и го препознаваме потенцијалот за зголемување на економската размена во повеќе стопански сектори. Сојузот ќе вложи максимални напори за приближување на бизнисите меѓу двете држави, преку креирање на заеднички настани, иницијативи, бизнис форуми, саемски манифестации“, истакна Ангелоски.

Тој на средбата ги претстави активностите и влијанието на Сојузот како најголем деловна мрежа во нашата земјата и даде краток осврт кон можностите за економски развој.

„Сојузот и јас како негов претседател сме посветени на унапредување на меѓународната економска соработка и создавање на услови за интернационализација на бизнисите бидејќи тоа е неопходно за нивен раст и развој“, потенцираше Ангелоски.

Взаемниот интерес за продлабочување на соработката за почеток ќе биде претставен преку организирање на настан на кој ќе има бидат промовирани економските потенцијали на двете држави на кој ќе присуствуваат државни институции, стопански комори, компании. Исто така се планира и организирање и потпишување на меморандуми за стратешка соработка меѓу сродни организации и институции од нашата земја и од Еквадор со цел и формализирање на иницијативите.

На средбата присуствуваше и економското аташе на Еквадор, Макс Куељо, кој ги претстави сектори во економијата на Еквадор кои нудат висококвалитетни производи како земјоделство и производство на храна, вклучително и морска храна, производство на какао, благородни метали, нафта.

Соговорниците утврдија исто така дека треба да се работи на промоција на туристичките потенцијали, а за олеснување на движењето на стоките и патници беше потенцирана важноста за укинување на визниот режим меѓу двете држави и унапредување на сообраќајните релации.

Клучни зборови

  • Амбaсадорот на Еквадор
  • Еквадор
  • Мигел Фалкони Пуч
  • Сојузот на стопански комори
  • Трајан Ангелоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk