Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕБОР ВО СКОПЈЕ, колку пари ќе има за инвестиции?

22 јул. 2024 г.·2 мин читање·956 прегледи

Следете не на Viber

Средби со владини и со бизнис претставници ќе има претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рене Басо, во текот на денешниот и утрешниот ден. Ова е нејзина втора посета на Македонија, првата се реализира во мај.

Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, се вели во соопштението на ЕБОР и се посочува дека досега се инвестирани 2,9 милијарди евра во 190 проекти.

Државата воспостави соработка со ЕБОР во 1993, две години по нејзиното формирање, со цел финансирање структурни проекти во поранешните социјалистички земји од Централна и Источна Европа и поддршка во нивната транзиција. Во тие рамки ЕБОР обезбедува финансирање за банките, индустриите и бизнисите. Во годините наназад, со средства е присутна во сите позначајни проекти што опфаќаат изградба или ревитализација на патната и железничката инфраструктура, за надградба на системот за воздухопловна навигација, во електроенергетскиот систем, пречистителни станици, зелени кредити… ЕБОР поддржува и претпријатија во државна сопственост, па така лани беа обезбедени 100 милиони евра за ЕСМ. Од досегашната соработка, единствено потфрлање има кај проектот за брз автобуски превоз во Скопје, за кој беа одобрени 70 милиони евра.

Се смета дека при последнава посета ќе стане збор и за најавените 750 милиони евра, што на Македонија и следуваат од пакетот со шест милијарди евра наменет за Западен Балкан. Реализацијата на првата транша ја одложија изборите во Европскиот парламент, па наместо во јуни, парите би требало да се стават на располагање во септември. Станува збор за првите 52,5 милиони евра. Инаку, парите кои треба да го забрзаат патот кон ЕУ на земјите од овој дел на регионот, ќе се користат во период од четири години.

Клучни зборови

  • ЕБОР
  • Одил Рене Басо
  • посета
  • претседателка на ЕБОР
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk