Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

И ОФИЦИЈАЛНО: Претседателката го предложи Славески за гувернер на Народната банка

21 мај 2025 г.·2 мин читање·1202 прегледи

Следете не на Viber

ПАРИ – извор на квалитетна и релевантна содржина

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за шести гувернер на Народната банка во самостојна Македонија го предложи професорот Трајко Славески. Предлогот е доставен до Собранието, каде што треба да биде верификуван од народните избраници.

„Ве информираме дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка. При донесувањето на одлуката, претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, соопштија од Кабинетот на претседателката.

И кога се неофицијални, информациите што ги објавува Пари се вистинити. Ова известување од претседателскот Кабинет ја потврди претходната објава дека во наредните седум години со централната банка ќе раководи универзитетскиот професор и актуелен претседател на Советот на Град Скопје. Особено што макроекономијата, фискалната политика и меѓународните финансии се негова потесна специјалност.

Славески е редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ, каде што предава макроекономија и државна регулација. Исто така, бил визитинг професор на Државниот Универзитет во Аризона, предавал и на последипломскиот студиум South Easteren European Studies на Националниот и каподистриски Универзитет во Атина.

Во првата влада на Никола Груевски, Славески беше министер за финансии. Како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ учествувал во изработката на партиските програмски документи на партијата.

По неговиот избор во Собранието, Славески со стапувањето на функцијата ќе мора да истапи од партиските редови, бидејќи Законот за Народната банка вели дека гувернерот и вицегувернерите „за време на мандатот не смеат да бидат членови на политичка партија или синдикат“.

М.А.

Клучни зборови

  • Гордана Сиљановска Давкова
  • гувернер
  • Трајко Славески
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk