Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Премиерот Заев учествува на “25-та тркалезна маса со грчката Влада”

8 јул. 2021 г.·2 мин читање·2650 прегледи

Следете не на Viber
На „25-та тркалезна маса со грчката Влада“ во организација на „Економист“, што денеска и утре ќе се одржи во Атина ќе учествува и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.
Премиерот Заев, утре наутро заедно со неговите колеги од Албанија и Косово Еди Рама и Албин Курти, ќе дискутираат за зајакнување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, за проширувањето на ЕУ, за трговијата и инвестициите, како и за иницијативите за мир и подобро разбирање.
На панел дискусијата заедно со Заев, Курти и Рама (кој ќе се вклучи онлајн), ќе учествуваат и поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателка на мрежата „Диктио“ и поранешната европска комесарка Ана Дијамантопулу, пратеникот од СИРИЗА и поранешен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, како и поранешниот претседател на  Републикански национален комитет Рајнс Прибес.

„25-та тркалезна маса со грчката Влада“  е под наслов „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“, а на панел дискусии ќе учествуваат и потпретседателот на ЕК, европски комесари, поранешни и актуелни министри од Европа и Грција итн.

Вечер, на гала вечерата говор ќе одржи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а на утрешната гала вечера, односно на затворањето на конференцијата, ќе говори лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

Премиерот Заев учествуваше и на ланската конференција на „Економист“, односно на „24-та тркалезна маса со грчката Влада“, што наместо во јули, поради пандемијата, се одржа во септември минатата година.

Клучни зборови

  • 25-та тркалезна маса со грчката Влада
  • Атина
  • Економист
  • Заев
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk