Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Премиерот Заев: Сакаме зелена енергија, ќе поскапува струјата

20 мај 2021 г.·2 мин читање·1458 прегледи

Следете не на Viber

Во интервјуто за Утрински брифинг, премиерот Зоран Заев се осврна на неодамнешната посета на Шпанија, каде се сретна со шпанскиот премиер.

-Педро Санчез со кој што сум добар пријател ми вели, Зоран 142 милијарди добивме од рикавери планот на Европа. 45% ќе оди за енергетика, 25% дигитализација. Во пандемијата најважни теми се инвестирање во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, заштеда на енергија и дигитализацијата. Така што и ние како останатиот дел од светот сме таму насочени. Во Грција се отвораат многу перспективи, разговараме со големи брендови. Морам да ја спомнам и нашата инвестиција во Александропули. Имаме и компании кои се присутни во финални фази на инвестиции, ги отвораме нафтоводните можности, 25% сопственици таму, сакаме да го пуштиме во употреба. Го градиме гасоводниот систем кој не отвора само перспективи за Македонија, туку стануваме главна транзитна точка, и претставува геостратегиски плус за земјава – вели Заев.

Тој нагласи дека граѓаните треба да знаат дека сите инвестиции кои државата ќе ги прави во фотоволтаици, ветерници, гасни централи ќе чинат пари.

-Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворањето на РЕК Битола, Осломеј – рече  Заев.

Клучни зборови

  • Зоран Заев
  • обновливи извори
  • струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk