Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Преку Стопанска банка се реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР

20 окт. 2023 г.·2 мин читање·2577 прегледи

Следете не на Viber

Вкупно 20 „зелени“ проекти на 17 компании во земјава се во фаза на реализација, со што компаниите ќе придонесат за модернизација на своите производни капацитети, превозни флоти и продажни локации. Почетокот и реализацијата на овие развојни проекти се должи на кредитната линија за поддршка на малите и средни претпријатија за инвестиции во  одржливи, зелени технологии обезбедена од ЕБОР преку Стопанска банка АД – Скопје.

Минатата година ЕБОР и Стопанска банка потпишаа договор за воведување на оваа кредитна линија во висина од четири милиони евра, која е дел од Програмата за одржливо рестартирање на мали и средни претпријатија (Sustainable Reboot SME Programme). Согласно критериумите, за реализација на проектите клиентите на Банката користат грант-поддршка во вредност до 15 проценти од износот на кредитот, обезбедена од Луксембург, Норвешка, Ирска, Италија, Јапонија, Кореја, Шведска, Швајцарија, Кинески Тајпеј и САД. Според намената, 50 отсто од сите проекти се насочени кон искористување на сончевата енергија како извор на електрична енергија за потребите на компаниите. Оваа распределба одговара на актуелните трендови за создавање одржлива иднина и намалени трошоци од работењето. Останатите проекти се фокусираат на подобра превозна флота и модернизација на производните и продажните погони на компаниите.

-Како Банка со најдолга традиција на пазарот, Стопанска банка АД – Скопје воедно e и системски значајна банка и еден од столбовите на економијата. Затоа, веруваме дека со вакви проекти отвораме нови хоризонти и ја продлабочуваме соработката со клиентите и со заедницата. Им благодариме на ЕБОР и спонзорите на проектот и се надеваме на многу идни успешни соработки – велат од Стопанска банка.

Оттаму истакнуваат дека Стопанска банка продолжува на своите клиенти да им нуди финансиски анализи, совети и решенија во согласност со нивните потреби и можности за унапредување на финансиските резултати и остварувања. Истовремено, заедно со ЕБОР, Банката работи на унапредување на влијанието на бизнисите на клиентите врз животната околина, создавајќи придобивки за сите.

ПР текст

Клучни зборови

  • ЕБОР
  • зелени проекти
  • кредитна линија
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk