Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Преку „Флекс брокер“ осигурување на домот за нула денари во текот на првата година

29 ное. 2024 г.·3 мин читање·1792 прегледи

Следете не на Viber

„Флекс брокер“ е новиот осигурителен субјект односно осигурително брокерско друштво кое на пазарот ќе понуди конкурентни пакети за осигурување. „Флекс брокер“ е дел од групацијата „Флекс“, во која покрај финансиското друштво „Флекс кредит“ од неодамна се вклучи и брендот „Земи пари“, кој успешно ја развива својата приказна.

„Флекс брокер“ заедно со Националната агенција за наплата – НАН, се најновиот дел од групацијата за кој менаџментот има силни заложби и планови за развој. НАН е иновативен и ефикасен партнер во процесите на наплата и управување со долгови.

Како што вели сосопственикот на „Флекс“, Горан Арсов, „Флекс брокер“, новиот осигурителен субјект на пазарот на осигурување ќе се обиде да се наметне како значајна компанија, поради широкиот спектар на услуги што ќе ги понуди, но и поради нивната уникатност и конкурентност.

„Граѓаните ќе имаат можност за избор на низа осигурителни продукти кои треба да ја зајакнат оваа индустрија, која во земјава има голем потенцијал за раст. Како прв човек на брендот „Флекс“ во земјава, сакам да кажам дека избравме бројни професионалци, кои ќе раководат со „Флекс брокер“, луѓе со големо искуство и познавање“, вели Арсов.

Во палетата осигурувања што се нудат, граѓаните имаат уникатна опција за избор на осигурување на домот, за што се креирани и посебни пакети. Она што е ексклузивно е што осигурувањето е бесплатно за првата година, додека за втората и третата година се плаќа преддефинирана сума според квадратурата на домот. Опција плус е што со договорот се добива можност за сериозен партнер за осигурување на возилото.

Според директорот на продажба во „Флекс брокер“, Александар Атески, брокерското друштво на пазарот ќе се разликува од другите по својот уникатен пристап кон клиентите, како и по лесната достапност на секој поединец до сите понуди.

„Нашата цел со е да го направиме процесот на осигурување поедноставен, поблиску до граѓаните и бизнисите и да понудиме решенија што ќе ги задоволат специфичните потреби на нашите клиенти. Со широка палета на услуги, опфаќајќи сè од животно осигурување, осигурување на имот и автомобили, па до осигурување за мали и средни претпријатија, ќе бидеме подготвени да обезбедиме врвна услуга за секого“, вели Атески.

Тој истакна дека „Флекс брокер“ ќе соработува со сите компании на пазарот односно ќе располагаат со сите продукти што ги нуди пазарот, со цел да се најде најсоодветната понуда за клиентот.

Во стандардниот пакет се обезбедува осигурување од пожар, удар од гром, но и други временски неприлики – луња и град, како и паѓање на воздушни летала, манифестација и излевање вода од водоводни и канализациски инсталации и уреди од топловодни инсталации. Во стандардниот пакет се добива осигурување и за поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земја, кршење на стакло на прозорците и вратите на станбениот објект.

Во премиум-пакетот се вклучени и дополнителни штети, а тоа се: излевање вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање од дрво, вандализам, кршење стакла на застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна преселба, трошоци за повторно изработување на уништени документи, трошоци за промена на брава и изработка на нови клучеви, во случај на изгубени или заклучени клучеви.

Клучни зборови

  • осигурително брокерско друштво
  • Флекс брокер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk