Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Подготвен национален преглед што ќе даде насоки за борба со сиромаштијата, нееднаквоста и одржливиот развој

9 јун. 2020 г.·2 мин читање·282 прегледи

Следете не на Viber

Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, која е и Национален координатор за имплементација на „Агендата 2030″, истакна дека во Северна Македонија по прв пат е изготвен еден ваков Национален преглед, којшто треба да даде јасна слика до каде сме и во која насока треба да се движиме понатаму во остварувањето на целите за одржлив развој, како што се родовата еднаквост, борбата со сиромаштијата и социјалната исклученост, како и за заштитата на животната средина.

– Ова е жив документ којшто ќе продолжи да се менува во насока на исполнување на целите од „Агендата 2030″ на ООН. Прегледот, по својата форма и содржина има за цел да го следи напредокот на спроведување на „Агендата 2030″ на локално, национално и меѓународно ниво, на начин што ќе биде прикажан и интегрираниот пристап на државата по однос на одржливоста”, подвлече Царовска, соопштија од кабинетот на вицепремиерката.

Во подготовката на Доброволниот национален преглед за имплементација на „Агендата 2030″ освен 12 министерства, свој значаен, се посочува, придонес дадоа и триесетина граѓански организации, Агенциите на ООН во Северна Македонија, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Шведската меѓународна развојна агенција (СИДА), Јапонската меѓународна агенција за соработка (ЈИЦА), Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), УСАИД, експерти од различни области, МАНУ, како и од Државниот завод за статистика, стои во соопштението.

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Клучни зборови

  • извештај
  • имплементација
  • одржливост
  • преглед
  • сиромаштија
  • статистика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk