Негативните ефекти кои се појавија со проширување на пандемијата беа почуствувани и од страна на банкарскиот сектор кој доживеа значителен пад во првиот квартал од минатата година. Некои од факторите кои доведоа до намалување на вредноста на акциите на банките се поврзани со стравувањата од пандемијата како и намалување на економските активности што би значело намалување на нивото на кредитирање. Исто така, можната опасност од зголемување на лошите пласмани наметна потреба банките да го зголемат нивото на резервите кое што имаше негативен ефект на нивото на приходи. Ниските каматни стапки се исто така уште една причина која имала негативно влијание на вредноста на банките и нивната профитабилност.
У.С. Банкорп со седиште во Минеаполис (Минесота, САД) е една од банкарските холдинг компании чија акција загуби значителен дел од својата вредност со за…