Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Предупредување: Обиди за кражба на податоци преку злоупотреба на Народната банка

26 јун. 2024 г.·2 мин читање·4547 прегледи

Следете не на Viber

Злоупотребувајќи го идентитетот на Народната банка, преку телефонски повици непознати лица се обидуваат противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци кои потоа можат да бидат злоупотребени.

Ја известуваме јавноста дека Народната банка нема никаква поврзаност со лицата кои ги оствариле телефонските повици и апелираме до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности согласно барањата од непознатите лица. Доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете неочекувани телефонски повици, е-маил или СМС пораки од сомнителни адреси или телефонски броеви во кои ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или од вас се бара откривање на лични податоци, не започнувајте комуникација во која ќе дадете ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка.

Ги уверуваме граѓаните дека ниту еден претставник и вработен на Народна банка, во ниту еден случај нема телефонски да побара од вас број на сметка, ПИН или друг вид на личен податок, ниту, пак, да бара да се уплатат средства на одредена банкарска сметка.

Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско средство (електронска пошта или преку социјалните мрежи) од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува како вработен во Народната бaнка, веднаш да го пријават случајот во Народната банка, преку официјалната е-дреса: opstiinfo@nbrm.mk .

 

Клучни зборови

  • кражба на лични податоци
  • Народна банка
  • предупредување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk