Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Предложените стратешки инвестиции ќе и наштетат на државата – инженерите алармираат со писмо до пратениците

6 фев. 2024 г.·3 мин читање·2554 прегледи

Следете не на Viber

Да се стопира носењето на законите за стратешки инвестиции, чии предлози се во Собранието, сугерураат од Здружението на инженери поддржани од група граѓани во писмо упатено до пратениците. Ако се донесат, ќе биде нарушен енергетскиот суверенитет на државата, предупредуваат тие, посочувајќи, пред се, на „Митилинеос“ и градањето когенеративна централа во Скопје.

Грчката компанија, според предложениот законски текст, ќе добие државна помош од 50 милиони евра, гарантиран откуп на струјата без тендер, а по цени значително повисоки од пазарните. Освен тоа, наведено е во писмото, земјата ќе се соочи со високи пенали ако нешто од договoреното не се спроведе. Или, инвеститорот ќе се богати за сметка на штетата што ќе ја претрпи државата.

„Македонија годишно ќе губи помеѓу 15 и 35 милиони евра со тоа што цените за електричната и топлинската енергија со која Договорот не обврзува да ги купуваме од ‘Митилинеос’ се од 15% до 35% повисоки од берзанските. Земјата ќе плаќа 10 пати повисока маржа од нормалната за производство на електрична и топлинска енергија бидејќи ‘Митилинеос’ добива загарантирана маржа на годишно ниво од 43,7 милиони евра за електричната енергија (38 евра/MВч) и 4,4 милиони евра за топлинската енергија (16,2 евра/MWч), или вкупно над 48 милиони евра годишно. Македонија ќе му плаќа на ‘Митилинеос’ 4 милиони евра годишно за старт на постројката. Инвеститорот добива загарантиран профит од над 40 милиони евра годишно без да има никаков ризик од одлуките на нашиот правен систем, бидејќи со предложениот закон сите одлуки на Врховниот суд ќе бидат неважечки за ‘Митилинеос’, а штетите од неговото работење ќе мора да ги плати Македонија. Законот за јавни набавки не важи за ‘Митилинеос’ и во целост се исклучува влијанието на нашата судска власт и надлежност се дава само на Арбитражниот суд во Париз за било каков евентуален спор. Предвидени се бројни пенали што Македонија ќе треба да му ги плаќа на ‘Митилинеос’ ако не исполни некоја своја обврска од предложениот закон за стратешка инвестиција. Инвеститорот ќе има чист профит од најмалку 1,2 милијарди евра за 30 години колку што трае договорот за стратешко партнерство, а по 30 години не мора да ѝ ја врати електраната на Македонија“, напишано е во писмото кое е адресирано посебно до секој пратеник.

Инаку, според најавите, на седницата што треба да се одржи во среда на дневен ред ќе се најдат четирите предлог закони за реализација на стратешки инвестициски проекти – за најспорната когенеративна централа во Скопје, како и за проектите Соларен парк Стипион, АИМ Грин ТЕЦХ и за Соларна електрична централа – Пехчево. Треба да се донесат во скратена постапка, а стручната јавност за сите нив предупредува дека ќе и предизвикаат огромни штети на државата.

Клучни зборови

  • Здружение на инженери
  • Митилинеос
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk