Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Пред седум години беше урнат, сега се зборува за изградба на нов Скопски саем

22 апр. 2025 г.·3 мин читање·2142 прегледи

Следете не на Viber

Постои можност Скопје да добие нов саемски простор, што поволно би се одразило врз економската активност, странските инвестиции и меѓународната соработка. Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, имаше работна средба со претставници на Скопски саем, на тема – потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. Воедно, разгледани се и можностите за потенцијална локација, потребните инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари.

„Враќањето на Скопски саем во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар“, вели Томовски, истакнувајќи го значењето на оваа иницијатива за развојот на економијата.

Активностите на Скопски саем повеќе години се изведуваат во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“. Доколку добие свој простор, тогаш ефектите ќе бидат повеќекратни.

„Саемите претставуваат клучни настани за промоција на македонските производи и услуги, како и за создавање нови можности за странски инвестиции и соработка. Изградбата на современ саемски комплекс ќе ги отвори вратите за нови можности и ќе создаде услови за зајакнување на економијата“, нагласи директорката на Скопски саем, Даниела Глигоровска.

На средбата е договорено меѓуинституционалната соработка и поддршка да продолжат и во наредниот период, во кој подетално ќе се разгледаат аспектите и можностите за изградба на нов објект за потребите на саемските манифестации.

Саемските хали, кои зафаќаа простор од над 150 илјади квадратни метри, и покрај реакциите на јавноста и отворените писма од архитектите и интелектуалците, беа урнати во 2018 година, а на тој простор се изгради трговскиот центар ист Ист Гејт и станбен комплекс. Со тоа, Скопје стана единствениот главен град без уреден простор за одржување на саемските манифестации. Саемот беше урнат по повеќедецениско функционирање и по бројните организирани и одржани манифестации од светско ниво. Со Скопскиот саем е поврзана и Светската шаховска олимпијада одржана во Скопје во 1972 година, како и многу концерти на светски познати пејачи и музички групи.

Во поновата историја на оваа институција остана забележано дека во 2001 година беше купена од словенечката „ЕРА Велење“, која стана сопственик и на земјиштето. Планот беше изградба на трговски и забавен центар, деловни згради и хотел. Во 2008 беше поставен и камен-темелник, во присуство на тогашниот премиер Никола Груевски. Извесно време, потсетник за тој проект беше големата искупана дупка. Поради ненамирените хипотеки кон НЛБ банка и кон Комерцијална банка, ЕРА го загуби имотот.

Во 2017 бугарската „Кардфинанс“ се појави како сопственик на 55 илјади квадратни метри од Скопски саем. Тоа беше во јули, а веќе во октомври таа година беше објавено дека купеното го препродал на албанската корпорација „Балфин груп“. Заедно со таа парцела, албанската групација тогаш стана сопственик на земјиште од 155.000 квадратни метри.

Клучни зборови

  • Даниела Глигоровска
  • Ивица Томовски
  • изградба на нов саем
  • скопски саем
  • СОЗР
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk