Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

10 дек. 2025 г.·2 мин читање·3416 прегледи

Следете не на Viber

Овие празници, ПроКредит Банка подготви специјална понуда заедно со „Мастеркард“. Пред вас е можност да ја искористите „Мастеркард“ кредитната картичка наменета за физички лица, која овозможува 0% камата во рамките на промотивниот период до 28 февруари 2026. Картичката нуди можност за плаќања на сите продажни места и онлајн-плаќања во земјата и во странство. Со оваа понуда, ПроКредит Банка нуди практично решение за сите кои сакаат да ги поминат празниците исполнувајќи ги своите желби и потреби, како и оние на најблиските без дополнителен финансиски трошок.

Промотивната понуда под слоганот „Празници со 0% камата“ ја нагласува предноста и можноста за паметно финансирање во периодот кога потрошувачките потреби се зголемуваат, како празнични патувања, изнајмување возила во странство, празнични подароци, семејни прослави, празничен шопинг и други потреби за нас омилени во овој период. Оваа кредитна картичка е дизајнирана да им понуди поголема слобода и финансиска контрола на корисниците, со брза и едноставна онлајн-апликација и минимални административни барања.

Клучни придобивки за клиентите:

  • 0% камата во промотивниот период (до 28 февруари 2026).
  • Без годишна членарина во првата година.
  • До 3 плати во минус – дополнителна финансиска флексибилност.
  • Можност за отплати на рати до 24 месеци.
  • Онлајн-процес на аплицирање и одобрување во рок од 3 дена, што овозможува брза и практична процедура за сите постоечки и нови клиенти.
  • Можност да ја користите во неограничен број продажни објекти, туристички агенции, сервиси за изнајмување возила – важи во земјата и странство.

„Преку промотивната понуда „Празници со 0% камата“, ПроКредит Банка обезбедува дополнителна поддршка во период кога трошоците природно растат, овозможувајќи кредитна картичка  за сите нови и постоечки клиенти, без скриени трошоци и комплицирани услови за аплицирање. Продолжуваме да обезбедуваме едноставно и транспарентно искуство, по најдобри услови за сите постоечки и нови клиенти достапно преку нашата веб страна, 24/7 зоните и нашата мрежа на експозитури“ изјави Марина Ѓурѓовска Аџиовска, директор на сектор за физички лица.

Искористете ја промотивната понуда и уживајте во празниците со 0% камата. Аплицирајте лесно и едноставно уште денес на веб-страницата на ПроКредит Банка. Понудата важи до 28 февруари 2026 година.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Мастеркард
  • Празници со 0% камата
  • ПроКредит банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk