Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Позната селекцијата на филмови кои ќе се натпреваруваат за Златна Камера 30 – 40-то издание на „Браќа Манаки“

12 сеп. 2019 г.·2 мин читање·182 прегледи

Следете не на Viber

Престижниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ оваа година се одржува по јубилеен 40-ти пат, а ќе го отвори новиот филм на култниот шпанскиот режисер Педро Алмодовар, кој својата премиера ја имаше на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал. И оваа година, како и изминатите, Халкбанк со големо задоволство го поддржува фестивалот „Браќа Манаки“.

„Халкбанк со особена чест и задоволство го помага одржувањето на најпознатиот и воедно најпрестижниот филмски фестивал во нашата земја. Низ годините на овој фестивал се појавиле големи имиња од светската кинематографија и секако оваа година нема да биде исклучок. Горди сме што сме дел од истиот и понатаму ќе се трудиме да бидеме поддржувачи на развојот на културата и културните настани во земјава“, велат од Халкбанк.

Организаторите објавија дека веќе е готова селекцијата на филмови кои ќе се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300 и додадоа дека во годинешната селекција се вклучени повеќе филмови со експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите. Познат е и составот на стручното жири, Едвард Лакман од Соединетите Американски Држави, претседател, Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Македонија.

Отворањето на 40-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ е закажано на 14-ти септември, традиционално во Битола.

Клучни зборови

  • Браќа Манаки
  • Халк банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk