Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Банките во еврозоната позајмија рекордни 1.300 милијарди евра од ЕЦБ

18 јун. 2020 г.·2 мин читање·707 прегледи

Следете не на Viber

Банките во еврозоната денеска позајмија рекордни 1.300 милијарди евра од Европската централна банка (ЕЦБ) за да ја задоволат зголемената побарувачка на компаниите за кредити во време на невидена рецесија.

ЕЦБ ја започна програмата „Целни  долгорочни операции за рефинансирање” (ТЛТРО) пред шест години, а годинава ја измени за да и помогне на економијата да ги надмине тешките последици од пандемијата на коронавирусот.

Комерцијалните банки денеска позајмија вкупно 1.300 милијарди евра од програмата за период од три години, со каматна стапка од минус еден процент.

Позајмениот износ е најголем откако ЕЦБ го воведе ТЛТРО, но е помал во нето-услови, бидејќи банките веројатно користеле дел од износот за репрограмирање на старите заеми на ЕЦБ за да ги искористат поволните каматни стапки.

Негативна каматна стапка значи дека банките ќе заработат 0,5 проценти за една година без никакви услови или еден процент под услов да не го намалат кредитното портфолио.

Во преостанатите две години до достасувањето на заемот, каматната стапка ќе биде идентична со каматната стапка на депозитите на ЕЦБ, која во моментов е на минус 0,5 проценти.

Трамп нема намера повторно да ја затвара земјата [ т у к а ]

Клучни зборови

  • банки
  • еврозона
  • позајмување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk