Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Повисоки резултати, повисока дивиденда: 720 денари по акција на Алкалоид

Илија·27 фев. 2026 г.·2 мин читање

Дивиденда од 720 денари за акција ќе добијат акционерите на Алкалод, како награда за постигнувањата и успешно заокружените деловни активности во 2025 година. Тоа е бруто, додека нето-износот е 648 денари по акција. Во споредба со претходната  исплата, има зголемување од 14,3 насто.

Предлогот за висината на дивидендата произлегол од членовите на Управниот одбор на фармацевтската компанија, на денес одржаната седница. Конечната одлука ќе биде усвоена на годишното Собрание на акционерите, закажано за 30 март.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над една милијарда денари, односно 16,3 милиони евра. Исплатата ќе почне од 13 мај.

Минатата година Алкалоид заработи 32,32 милиони евра. Тоа е единечната нето-добивка, за 17 насто повисока од претходната остварена во 2024 година. Консолидираната нето-добивка, пак, е повисока за 7 насто и изнесува 29,2 милиони евра. Притоа, постигна рекордна продажба од 339,3 милиони евра, извозно остварување од над 221 милион евра и иневстиции од 18 милиони евра.

Годинешниот бизнис план предвидува повисоки цели: за седум насто повисоки консолидирани продажби и ниво од околу 361 милион евра; во развојот ќе бидат вложени околу осум отсто од консолидираните приходи; а крајниот ефект, консолидираната добивка треба да се зголеми за осум насто пред EBITDA.

Клучни зборови

  • алкалоид ад скопје
  • дивиденда
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk