Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, ПОНИСКИ ТРОШОЦИ за работодавачите

20 дек. 2023 г.·3 мин читање·699 прегледи

Следете не на Viber

Платите на вработените можат да растат, а државата ќе ги ослободи работодавачите од плаќање на тој дел од придонесите. Ова ќе важи со исплатата на платата за јануари, а како можност ќе се применува од првиот до последниот ден на 2024 година. Сето ова е предвидено во текстот на Предлог законот за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, подготвен од Министерството за труд и социјална политика, а кој веќе е доставен до Собранието.

На овој начин, се вели во образложението, ќе се стимулира зголемувањето на платите за вработените, затоа што ќе се намалувааат трошоците за работната сила кои ги засегаат работодавачите. „Преку законското решение, работодавачите се стимулираат да ја зголемуваат нето-платата без да имаат обврска да ги исплатат придонесите за исплатеното зголемување на платата“, наведено е во предложениот законски текст.

Оваа погодност е наменета за сите активни фирми, односно за тие кои не се во постапка на стечај, ликвидација или бришење согласно Законот за трговските друштва. Но, и кои немаат ненамирени обврски по основ на бруто-плата до денот на побарување на ослободувањето на дел од придонесите.

Во предлогот е посочено дека ослободување на дел од придонеси може да користи „обврзник за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој обврзник во сите месеци од референтниот период; обврзник за осигуреник за кој има зголемување на плата како разлика меѓу пресметаната нето-плата за месецот за кој се побарува ослободување на дел од придонеси и референтната основна плата исплатена од обврзникот во референтниот период; обврзник за осигуреник со исплатена нето-плата до ниво на просечна месечна плата на национално ниво споредена со исплатена нето-плата за три последователни месеци кои претходат на месецот за кој обврзникот прв пат добива ослободување на дел од придонесите за определен осигуреник“.

Исто така, се утврдува дека оваа можност е предвидена за обврзниците од дејностите угостителство, текстилна индустрија и градежништво.

Овој закон, како што е предложено, нема да ги опфаќа институциите и органите од државната и локалната власт.

Инаку, максимумот за кој може да се одобри ослободување на дел од придонесите е до 9.000 денари месечно по осигуреник. Тоа се однесува на нето-износот. А, минималната сума е над 3.000 денари.

Со оваа законска можност, треба да се постигне „поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ, намалување на даночната евазија и неформалната економија“. Целта е подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот развој на државата.

Клучни зборови

  • ослободување од дел за придонеси
  • повисоки плати
  • предлог закон
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk