Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

ПОВИСОКА Е ЗА 1,139 ДЕНАРИ: Просечната пензија во септември порасна на 17,515 денари

31 окт. 2022 г.·2 мин читање·5179 прегледи

Следете не на Viber

Во септември просечната пензија изнесувала 17,515 денари и повисока е за точно 1,139 денари во однос на претходниот месец август кога била 16,376 денари, објави во најновата статистика Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Зголемувањето на просечната пензија се должи на новата методологија за усогласување на пензиите. Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добија повисоки пензии за 6.8%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.

Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите  со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги следи промените во двата индекси за усогласување.

Во септемри месец се зголемил и бројот на пензионери во државата. Статистиката регистрирала 333,322 пензионери во септември месец, за разлика од август кога во државата се изброени 330,640 пензионери.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • пиом
  • просечна пензија
  • септември
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk