Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаБизнис

Повик до акционерите да ги ажурираат податоците – Телеком ќе исплаќа дивиденда од 28 септември

31 авг. 2023 г.·2 мин читање·1325 прегледи

Следете не на Viber

Исплатата на дивидендата за 2022 година ќе започне на 28 септември, ги инфомира своите акционери Македонски телеком АД – Скопје преку ценовно чувствителна информација објавена на Македонска берза.

Притоа е наведено дека е утврден вкупен бруто износ од 1.667.793.739,00 денари (27 милиони евра) или бруто износ од 19,34 денари по акција, „во кој се вклучени сите даноци, каде што е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплатата“.

Во соопштението е посочено дека согласно законските прописи во државата, Македонски телеком од бруто износот на дивидендата по акција при исплатата на физичките лица ќе задржи и ќе уплати 10% данок на личен доход, а при исплатата на странските правни лица ќе задржи и ќе уплати 10% данок по задршка.

Дивиденда ќе добијат сите евидентирани во Книгата на акционери со датум 14.07.2023 година.

За граѓаните – акционери е предвидена исплата – за резидентите на трансакциските сметки кои се во евиденцијата на МТ; а новите акционери – резиденти, како и оние кои сакаат исплатата да се изврши на друга сметка, треба да достават податоци најдоцна до 13 септември.

Овој датум важи и за правните лица – резиденти, како и правните и физичките лица – странски резиденти. Покрај податоците за банкарската сметка треба да приложат и „потврда за резидентен статус” заверена од надлежниот даночен орган на странската држава, и тоа најдоцна еден ден пред исплатата на дивидендата. Исто така, странските физички лица треба да достават Единствен даночен број (ЕДБ) за нивна даночна регистрација во земјава, крајно до 13 септември.

Клучни зборови

  • Mакедонски Телеком
  • акционери
  • дивиденда
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk