Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Повеќето од вработените во „Дата Мастерс“ се повратници од странство

17 авг. 2023 г.·2 мин читање·340 прегледи

Следете не на Viber

„Дата Мастерс“ од Скопје е првата македонска компанија специјализирана во консалтинг и имплементација на решенија во областа на вештачката интелигенција и напредна аналитика. Бележи успеси и надвор од границите на државата, а добар дел од вработените, како што изјави Филип Петровски, еден од основачите, се вратиле од странство. Компанијата, која користела државна помош, денес ја посети премиерот Димитар Ковачевски

„Компанијата има 60 клиенти, 50 вработени. Бројот на вработени се зголемува. Работат за клиенти од Абу Даби, од Лисабон, САД. Останува Африка за освојување. Верувам дека и тоа ќе се случи. Така што, ако нешто е големо во Македонија во моментов, тогаш вакви компании се големи. И потврдуваат дека Северна Македонија е конкурентна на светскиот пазар“, изјави премиерот, додавајќи дека го радува фактот што доколку се инвестира во вистински индустрии тогаш нашите млади се враќаат во земјава.

Тој посочи дека голем број компании ја препознаваат нивната работа и бенефициите кои ги добиваат клиентите.

„Тие се многу скромни и нема да кажат, меѓутоа здравствениот систем, еден од најдобрите во светот во менаџирањето на здравствени системи, а тоа е на ОАЕ, на Абу Даби, целиот систем е направен тука, во оваа зграда“, истакна Ковачевски, порачувајќи дела Владата продолжува да со поддржшката на домашните компании.

Филип Петровски, еден од основачите на „Дата Мастерс“ потенцира дека повеќето од вработените во компанијата се вратиле од странство. Нивната мисија, вели, е да покажат дека нашата земја има знаење и искуство и може да се носи со големите консултантски компании во светот.

„Нашата мисија е да покажеме дека имаме знаење и дека тука можеме да направиме пазар и можеме да ја развиеме најголемата и најтренди индустрија во светот“, наведе Петровски. посетата.

Клучни зборови

  • Дата Мастерс
  • Димитар Ковачевски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk