Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Технологија

Повеќе од екран: Магијата на “S Pen“ пенкалото и практични гестови

23 јан. 2026 г.·3 мин читање·1366 прегледи

Следете не на Viber

Како што рекол поетот, перото е помоќно и од мечот, а кога станува збор за “S Pen“ пенкалото на “Galaxy S25 Ultra“ или “Galaxy Tab S11“, тоа дефинитивно е и попаметно.

“S Pen“ пенкалото, достапно за овие модели, нуди многу повеќе од обично пишување. Може да служи како далечински управувач за презентации, бленда на камерата па дури и личен преведувач благодарение на функциите со вештачка интелигенција.

Screenshot

Користете го за резимирање или за да преглед на текст, или за функцијата „Заокружи за Пребарување“ (Circle to Search) кога сакате инстант одговори без пишување. А пак при уредување на фотографии, “S Pen“ овозможува прецизно да го заокружите и отстраните она што не сакате да го има на фотографијата, без да се мачите со прстите.

Screenshot

Во комбинација со апликацијата “PenUp“, подеднакво ги поттикнува креативноста и фокусот. Станува збор за креативна платформа дизајнирана да ги оживее вашите идеи со помош на “S Pen“ пенкалото. Нуди разновидни алатки за цртање, скицирање и создавање дигитална уметност, што го прави совршен избор за уметници, за оние кои водат белешки и за секој што сака да ја изрази својата креативност.

Совршена комбинација: “Galaxy S25 Ultra“ и “Tab S11“ го извлекуваат целосниот потенцијал од “S Pen“ пенкалото, претворајќи го ракописот во белешки, цртежите во уметност, а идеите во реализација.

Сѐ уште немате “Samsung Galaxy“ уред или пак поседувате постар модел? “Samsung“ ве повикува да ја преземете апликацијата “Try Galaxy“ и да ги испробате најновите функции на “Galaxy“ уредите директно од екранот на вашиот телефон.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Клучни зборови

  • Galaxy S25 Ultra
  • S Pen
  • samsung
  • Tab S11
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk