Читајте квалитетна содржина на порталот ПАРИ – таму каде што информацијата вреди.
Новите податоци за јуни, што ги објави Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, покажуваат дека нема пензија пониска од 18.192 денари. Според пресметките на Пари, тоа е 74,6 насто од сегашната минимална плата. Просечната пензија, пак, изнесува 26.207 денари. Државниот завод за статистика сѐ уште ја нема објавено просечната плата за јуни, но ако ги споредиме просечната пензија и просечната плата во мај, математиката кажува дека просечната пензија достигна 57 насто во однос на просечната плата.
Извор: Фонд за пензиско осигурување и Државен завод за статистика
Измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што се изгласаа во четвртокот овозм…