Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Повеќе од 220 пријавени е-трговци – последни два дена за номинирање за E-commerce Awards 2025

13 јан. 2026 г.·2 мин читање·1095 прегледи

Следете не на Viber

Остануваат уште два дена за номинирање на е-трговците кои ќе се натпреваруваат на петтото јубилејно издание на E-commerce Awards – изборот на најдобрите е-трговци во Македонија за 2025 година, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Изборот “E-commerce Awards” од 2020 година претставува релевантен показател за квалитет, доверба и развој на македонската е-трговија, препознавајќи ги најдобрите практики, иновации и постигнувања во индустријата. Целта на изборот е поттикнување на натпреварувачки дух и континуирано унапредување на секторот, преку транспарентна методологија што комбинира јавно гласање и оценување од стручна жири-комисија.

Во изданието за 2025 година ќе се избираат најдобрите е-трговци во 18 категории.

Номинирањето на е-трговците е бесплатно и се врши преку официјалната веб-страница, најдоцна до 15 јануари 2026 година, до крајот на денот, на следниот линк:

https://ecommerceawards.mk/formular-za-prijava/ .

Номинациите носат зголемена видливост, промоција пред широка публика и дополнително зајакнување на довербата кај онлајн купувачите.

На 22 јануари 2026 година ќе биде објавена листата на прифатени номинирани учесници во изборот, по што следува фазата на гласање од целата јавност кое ќе трае до 10 февруари 2026 година. Најдобро рангираните номинации во секоја категорија од јавното гласање продолжуваат во финалниот круг, каде што ќе се оценуваат од стручната жири-комисија. Потоа ќе следува финалната обработка на резултатите, при што гласовите од јавноста учествуваат со 60%, а оценките од жирито со 40% во конечниот резултат. Победниците ќе бидат прогласени на свечена гала манифестација во март 2026 година.

Изборот на најдобрите е-трговци во Македонија за 2025 година “E-commerce Awards” претставува повеќе од признание, тоа е можност е-трговците да ја истакнат својата приказна, посветеност и вредноста што секојдневно им ја нудат на онлајн купувачите. Со само уште два дена до затворањето на номинациите, ова е моментот нивната работа да биде препознаена и да станат дел од заедницата на најдобрите во македонската е-трговија.

Сите детали за правилата на изборот на E-commerce Awards 2025 се достапни во официјалниот правилник достапен на официјалната веб-страница или преку овој линк

Клучни зборови

  • E-commerce Awards
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk