Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Повеќе од 73.000 станови изградени за 11 години!

28 мај 2024 г.·2 мин читање·1921 прегледи

Следете не на Viber

Се градат станови, а нема кој да живее во нив. Ова не само што е чест коментар, туку накусо ја опишува реалната состојба на теренот, со оглед на темпото и на изградба на новите станбени згради, но и на иселувањето од земјава.

И покрај тоа, статистиката располага со фрапантна бројка – од 2013 па досега, значи за 11 години, изградени се 73.444 станови. За споредба, меѓу двата пописа 2002-2021 населението е намалено за 200 илјади, а според проценките, само последниве неколку години заминале над 77 илјади млади. Кои би требало да се потенцијалните купувачи на новите станови.

За изградбата на тие над 73 илјади станови, кои зафаќаат површина од 6.060.301 метар квадратен, издадени се 32.874 дозволи, чија вкупна вредност е 546,5 милијарди денари или 8,9 милијарди евра. Оттаму и просекот од 1.466 евра за квадрат.

Купувачи има, но и многу од становите се празни. На пример, пописот од 2021 покажа дека една третина од становите се празни. Од тогаш вкупно евидентираните 839.174 станови, во 307.187 немало жители. Тоа претставува 36,6 отсто од становите.

Најмногу се гради во Центар, а таму е и најголемиот број празни станови, 10.865, што значи над 40 проценти. Од скопските општини следи Карпош со 10.041, а најмалку ненаселени станови има во Чаир – 17.771.

Градежното лудило го има зафатено и Охрид. Податоците од пописот покажуваат дека и таму се празни речиси половината од становите, 17.820, а изградени се 33.660.

Од 2021, кога беше изведена пописната операција бројките се изменети, но се цени дека сега само во Скопје има над 75 илјади празни станови, од тогашните 59.300.

Уште малку статистика – државата има 1,8 милиони население (попис 2021) и по 40,1 изграден стан на 1.000 жители.

Клучни зборови

  • градежен бум
  • градежништво
  • нови станови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk