Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Потпретседателот на ССК, Ѓорѓиевски се здоби со меѓународна експертиза за oдржливост на системите на храна од Јапонската агенција за меѓународна соработка

21 окт. 2024 г.·2 мин читање·616 прегледи

Следете не на Viber

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори и претседател на Aгро-бизнис комората при Сојузот, Горан Ѓоргиевски, успешно го заврши студискиот престој во Токио, Јапонија, каде на покана на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), учествуваше на студиската програма „Стратегии за одржлив систем на храна за развој на локалната индустрија“. Станува збор за престижен настан на кој учествуваат одбрани претставници од целиот свет, што е вредна можност за нашата земја за размена на знаења и искуства.

Студиската програма опфати суштински области како одржливо земјоделство, зелена инфраструктура, социјално претприемништво, системско размислување, одржлив маркетинг, како и специјализирани области, како одржливо производство на млеко и управување со проекти. Низ оваа екстензивна програма потпретседателот Георгиевски се стекна со вредно знаење како можат овие стратегии да се спроведат кај нас во пракса за креирање на поотпорен и одржлив систем.

Овој престижен програм дава практични и напредни практики коишто можат да ја зајакнат македонската прехрамбена индустрија, но исто така да придонесат кон долгорочна одржливост и иновација. Значењето и искуството донесено од Јапонија светски економски и технолошки лидер, се од големо значење за нашата земја, согласно нашите напори за градење на позелена и одржлива економија.

„Ми беше чест да бидам дел од избрана група на професионалци од целиот свет и имав можност да се запознаам со најновите технолошки достигнувања, стратегии и техники во областа на одржливото земјоделство и производство на храна. Додека се уште се соочуваме со последиците од најголемата инфлациска криза во изминатите педесет години, на светот му стана јасно дека стратегиите за одржливост во производството на храна се суштински за да се стабилизираат производствените трошоци, за да се осигура потребното количество и за градење на поотпорни локални индустрии кои се помалку зависни од движењата на меѓународните пазари“, посочува Ѓоргиевски и истакнува дека ќе ги пренесе искуствата донесени од Јапонија кон градењето на поотпорен систем во земјава.

Клучни зборови

  • Горан Ѓоргиевски
  • јапонија
  • меѓународна соработка
  • сск
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk