Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Потпишан меморандум за финансиска стабилност – Финансиските регулатори ја јакнат соработката

4 апр. 2020 г.·3 мин читање·109 прегледи

Следете не на Viber

Финансиските регулатори ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем. И во околностите коишто ги наметнува корона-кризата, со максимална посветеност на секој регулатор во рамки на неговите надлежности, координирано ќе се одржува финансиската стабилност.

Ова е пораката којашто ја упатија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Крсте Шајноски, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Максуд Али и директорот на Фондот за осигурување депозити, Борче Хаџиев. Тие склучија нов Меморандум за меѓуинституционална соработка заради одржување на финансиската стабилност, изготвуван во текот на изминатите неколку месеци, во согласност со препораките на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Меморандумот се склучува со цел преку поголема меѓусебна координираност на регулаторите, и натаму навремено и ефикасно да се идентификуваат системските ризици и навремено и усогласено да се преземаат активности заради спречување и намалување на нивното влијание врз финансискиот систем. Со активностите коишто се предвидени со меморандумот, отпорноста на нашиот финансиски систем на шокови ќе биде дополнително зајакната и надлежните институции со уште поголема подготвеност ќе управуваат со предизвиците за системот.

Меѓу другото, согласно со одредбите на меморандумот се унапредува улогата и се проширува составот на Комитетот за финансиска стабилност, по примерот на Европскиот одбор за системски ризици. Досега Комитетот го сочинуваа само претставници на Народната банка и на Министерството за финансии. Отсега, во работата на Комитетот учествуваат сите регулатори на финансискиот систем, а негов национален координатор е гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Во рамки на Комитетот ќе функционираат и два поткомитетa, како оперативни тела – Поткомитет за следење на системските ризици и предлагање макропрудентни мерки и Поткомитет за подготовка за управување со финансиска криза. Заради остварување на поставените цели, давање препораки и преземање соодветни активности, преку Комитетот координирано ќе се следат анализите за состојбите во финансискиот систем, како и регулативата којашто може да има влијание врз финансиската стабилност.

Во натамошниот период посветено ќе се работи на зајакнување на макропрудентната рамка, заради што ќе се пристапи и кон унапредување на регулативата, со што едновремено се следат и препораките од Програмата за проценка на финансискиот сектор на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, спроведена во 2017 и 2018 година.

Клучни зборови

  • Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
  • Агенцијата за супервизија на осигурување
  • Комисијата за хартии од вредност
  • Меморандум за меѓуинституционална соработка
  • Министерството за финансии
  • Народна банка НБРСМ
  • Фондот за осигурување депозити
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk