Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Поставен банкомат на Охридска банка на нова локација

Borjan·6 мај 2020 г.·2 мин читање

Со цел поголема достапност на мрежата на банкомати на Охридска банка, направена е реалокација на еден банкомат на Банката на нова подостапна локација.

Од 5-ти Мај на клиентите на Охридска банка им е достапен банкомат на ул. Орце Николов бр.146 во Скопје во рамки на продавницата за миленици Пет Шоп Парк, на раскрсницата помеѓу ул. Орце Николов и ул. Рузвелтова.

Банкоматот кој беше поставен во рамки на Тинекс маркет во непосредна близина на Драмски Театар е дислоциран.

Дополнителнo на клиентите на Охридска банка на располагање им стојат 120 банкомати од Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ширум земјата, каде може да подигнуваат готовина со дебитни картички, без провизија.

Локаторот на банкомати на Охридска банка, може да го погледнете тука.

На сите клиенти покрај мрежата на банкомати, им стои на располагање и мрежата на експозитури ширум земјата, како и електронското банкарство и апликацијата за мобилно банкарство Моја Банка, која на клиентите им овозможува на брз и едноставен начин да управуваат со својата банкарска сметка од својот мобилен телефон, со можност за користење без провизија до 31.05.2020 година.

Клучни зборови

  • АТМ
  • банкомат
  • заеднички банкомати
  • Охридска банка АД Скопје
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk