Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ПОСКАПАТА СТРУЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА СО БАНКРОТ на бугарските ресторани и хотелиери

26 јул. 2024 г.·2 мин читање·2572 прегледи

Следете не на Viber

На бугарските ресторани и хотелиери им се заканува банкрот поради поскапувањето на струјата во земјата, а претставници на оваа индустрија ја повикуваат владата во Софија на итна интервенција за да се зачува стабилноста на секторот.

Потпретседателот на Бугарската асоцијација на хотели и ресторани (БХРА) Атанас Димитров изјавил дека трошоците за струја сега се десет пати повисоки од претходно, пренесува порталот Новините.

Пред неодамнешните поскапувања, хотелот со околу 250 легла плаќал просечна сметка за струја од 10.000 бугарски лева или околу 5.122 евра, а сега се очекува сметката да биде меѓу 110.000 и 120.000 лева, односно меѓу 56.240 и 2,5 евра3.

Според експертите, причина за скокот на цените, покрај фактот дека ти се формираат на слободниот пазар, се повеќекратните поправки на далноводи одеднаш и големата потрошувачка поради жештините.

Димитров смета дека овие мерки нема веднаш да влијаат на резервациите на гости, но предложи бугарската влада да размисли за ограничување на цената на струјата и државна поддршка за целиот сектор.

Многу ресторани и хотелиери во Бугарија се подготвуваат за протести кои би можеле да се одржат во некои региони за неколку дена, предупреди Димитров, пренесува Танјуг.

Поради итноста на проблемот, бугарската Влада почна разговори со претставицните на секторот на хотелиерство и угостителски услуги во врска со барањето на хотелиерите и рестораните за паричен надоместок. Самите работодавачи ќе бидат сослушани во комисијата за да наведат точно какви сметки платиле во последните 2 месеци.

Клучни зборови

  • банкрот
  • бугарија
  • сметки за струја
  • туризам
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk