Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Посакувам и по студиите да останете во својата земја – Јаневска на првиот академски час на УКИМ

1 окт. 2025 г.·3 мин читање·1178 прегледи

Следете не на Viber

„Сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век, сте на вистинското место, во својата земја, на најстариот Универзитет, каде професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што брзо се менува“ – се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска, на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, поздравувајќи ја новата генерација студенти.

Во присуство на ректорката Биљана Ангелова, проректорите, деканите и професорите, како и на претседателот на Националното студентско тело Александар Николовски, министерката Јаневска укажа дека институциите се посветени на подобрување на квалитетот на домашното високо образование и креирање услови за подобар живот на младите во сопствената земја.

„Посакувам да останете во својата земја и по студиите. Тука да ја изградите својата и семејната иднина. Тоа е единствениот пат што води кон просперитет на Македонија“, ги повика студентите Јаневска.

Посочи дека во изминатиот период се донесени низа мерки за подобар студентски стандард, за поголема финансиска поддршка и осовременување на студиските програми.

„Успеавме да ја откочиме реконструкцијата на студентските домови Стив и Кузман, како и изградбата ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. Го проширивме опфатот за студентски оброк, работниот однос на студентите повеќе не е услов за да ги добиваат средствата. Очекувам следната година да имаме ново покачување на дневниот износ. На студентите им се на располагање 3100 стипендии во повеќе категории, а постапките за аплицирање, како и оние за сместување во студентски домови, се целосно дигитализирни“, рече Јаневска.

Министерството за образование и наука го реши повеќегодишниот проблем со бесплатниот јавен превоз на студенти во главниот град. Донесен е и Законот со кој студентите  на државните и приватните факултети ќе добијат вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет или лаптоп, и редовните и вонредните студенти. Јаневска нагласи дека со новиот Закон за високо образование кој е во подготовка, високото образование ќе биде поставено на цврсти темели.

Ова е првата генерација студенти која ќе може бесплатно да ги користи научните бази Web of science и Scopus за работа на научни и стручни трудови.

Клучни зборови

  • Весна Јаневска
  • студенти
  • УКИМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk