Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Муцунски: Недостигот од чипови ќе ја стави во лер автомобилската индустрија

25 мар. 2021 г.·3 мин читање·2460 прегледи

Следете не на Viber

Недостигот од чипови на глобално ниво сериозно го загрози произвоството на нови автомобили. Во подобра ситуација не се ниту производителите на електрични апарати-ТВ, мобилни телефони, конзоли за видео игри. Освен што е во прашање производството бидејќи чиповите народски кажано се “мозокот” на сите електронски уреди, се очекува дефицитот да предизвика и пораст на цените на автомобилите и апаратите.

Импортерите на автомобилските брендови во Македонија истакнуваат дека чиповите се нарачани уште од минатата година, но се уште нема најава дека ќе пристигнат.

Од Порше Македонија велат дека Порше АГ иако мала компанија е доста ефикасна во рамки на групацијата Фолксваген со учество од 2 проценти во портфолиото.

-Во Македонија, лани компанијата Порше Македонија како последица од ковид кризата оствари пад во перформансите од околу 20 проценти. Во ЈИЕ се различни податоците за падот во перформансите, на пример во Унгарија падот е 11 проценти. И за годинава се очекува да продолжи падот поради пандемијата, но најмногу поради недостиг од чипови, вели директорот на Порше Македонија, Златко Муцунски за pari.com.mk.

Муцунски посочи дека нема микропроцесори на пазарот иако нарачките се направени од лани.

-Пандемијата ги смени навиките на потрошувачите, па и производителите ја пренасочија намената на чипови. Производителите видоа дека поради корона кризата многу граѓаните се свртеа кон компјутерите, па чиповите ги насочија кон нив наместо кон автомобилската индустрија, вели Муцунски.

Поради кризата со чипови извршниот директор на холдингот Порше, Оливер Блуме, најави дека ќе биде отворен за разгледување на првичната јавна понуда на акции на германскиот производител на спортски автомобили доколку нивниот сопственик Фолксваген АГ се реши на тоа.

И Форд неодамна ги откажа смените во две фабрики за автомобили и објави дека профитот може да биде низок 2,5 милијарди долари оваа година поради недостиг на чипови. Нисан го намалува производството во фабриките во Мексико и САД.

Пожар во фабриката за чипови во јапонската Ренесанса дополнително ги загрижи Тојота, Нисан и Хонда, а последиците може да ги почувствуваат Европа и САД.
Ренесанс држи околу 30 проценти од глобалниот пазар за специјални чипови што се користат во автомобилите.

Јапонската компанија соопшти дека ќе им требаат најмалку еден месец за да започнат со производство на полупроводници од 300 мм, плочките со овие димензии се користат во автомобилската индустрија.

И Тојота очекува многу нестабилно производство во април и мај.

Иако со недостиг на чипови се соочуваат и производителите на електронски уреди, но автомобилските компании се подолу во сиџирот на снабдување бидејќи компании како Епл плакаат многу повеќе за чиповите.

Сепак и Епл, компанија вредна две милијарди долари и најголем купувач на полупроводници во светот на која троши 58 милијарди долари годишно, беше принудена да го одложи лансирањето на долгоочекуваниот „Ајфон 12“ за два месеци минатата година, поради недостигот од чипови.

Минатиот месец, Сони изјави дека можеби нема да ја постигне планираната продажба на новиот Playstation 5 оваа година, поради проблеми со испорака на полупроводници.

„X-Box“ на „Мајкрософт“ предвидува дека проблемите со снабдувањето ќе продолжат барем во втората половина на годината.

Сепак, највпечатлив пример за криза со полупроводниците е „Самсунг“, вториот најголем купувач на чипови во светот, но и втор по големина производител.

Претходно оваа недела, компанијата објави дека можеби ќе мора да го одложи „лансирањето“ на нов смартфон поради недостиг.

Капацитетот за производство на чипови е намален поради зголемената побараувачка на лаптопи, компјутери и конзолите за играње.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • муцунски
  • Порше Македонија
  • чипови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk