Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Поранешната вицегувернерка на Народната банка м-р Маја Кадиевска Војновиќ именувана за нов член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола

12 ное. 2025 г.·2 мин читање·1374 прегледи

Следете не на Viber

Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола со одлука донесена на 25. седница, одржана на 10.11.2025 година, ја именуваше м-р Маја Кадиевска Војновиќ за нов член на Управниот одбор на Банката, која одлука ќе влезе во сила по добивање согласност од страна на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија за предложеното лице за член на Управен одбор на Банката.

Кадиевска Војновиќ веќе трета година или од јануари 2023 година е советник за стратешки работи на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а до јуни 2025 година беше и член на Надзорниот одбор на КИБС.

Вицегувернер на Народната банка беше во периодот од 2011 година до 2018 година, задолжена за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи. Како вицегувернер имаше две исклучително значајни позиции во рамките на Народната банка, претседател на Комитетот за инвестирање на девизните резерви и претседател на Комитетот за управување со актива и пасива, а воедно беше и член на Комитетот за оперативна монетарна политика. Активно беше вклучена во креирањето и спроведувањето на монетарната политика, во управувањето со девизните резерви на Македонија, во управувањето со билансот на централната банка, редовно присутна на годишните собранија на Монетарниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка и при мисиите на финансиски институции и кредит рејтинг агенции. Во своето шеснаесетгодишно искуство како централен банкар, на почетокот од својата кариера беше една од основоположниците на макроекономските проекции на Народната банка.

Тековно е и неизвршен член на Одборот на директори на Витаминка АД Прилеп. Претходно има работено како консултант за банки, а од февруари 2019 година до јануари 2023 година предаваше и на Универзитетот Американ колеџ Скопје по предметите вовед во микроекономија и вовед во макроекономија.

Кадиевска Војновиќ на јавноста ѝ е позната по бројните колумни за макроекономските состојби во државата и нејзините воочливи јавни настапи, а нејзиното име се вртеше за неколку значајни позиции во државата. Сепак, наспроти политиката, веројатно Кадиевска Војновиќ ги одбра банкарските води. Со ова назначување, Стопанска банка а.д. Битола добива силно засилување во нејзините органи на управување.

 

 

Клучни зборови

  • Маја Кадиевска Војновиќ
  • Стопанска банка Битола
  • Управен одбор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk