Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПОРАДИ ШТРАЈК НА ГЕРМАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ, денес „извисија“ 500 илјади патници

10 мар. 2025 г.·2 мин читање·943 прегледи

Следете не на Viber

Со повеќе од 3.400 летови од и кон германските аеродроми ноќеска на полноќ почна предупредувачкиот штрајк на германскиот синдикат на аеродромски работници и придружен персонал, Верди. Со штрајкот се погодени околу 510.000 погодени патници на 13 германски аеродроми.

Вработените во јавните служби на аеродромот, копнениот транспорт и воздушното обезбедување штрајкуваат од полноќ, потврди синдикатот. Штрајкови ги погодија аеродромите во Франкфурт, Минхен, Штутгарт, Келн/Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Хановер, Бремен, Хамбург, Берлин-Бранденбург и Лајпциг-Хале. На аеродромите во Везе во Долна Рајна и Карлсруе/Баден-Баден, на штрајк се повикани само вработените во областа на безбедноста на воздухот.

Верди веќе во голема мера го парализираше аеродромот во Хамбург на почетокот на празничната сезона со неочекуван штрајк за одржување на авионот во неделата.

Вработените на погодените аеродроми кои се опфатени со колективниот договор за јавни услуги се повикани на штрајк во понеделник, како и околу 23.000 вработени во копнените услуги на главните германски аеродроми. Верди на тој начин сака да му даде поголемо значење на барањето за зголемување на платите за осум отсто, или најмалку 350 евра.

Дополнително, Верди ги повика вработените во безбедноста на воздушниот сообраќај да излезат на еднодневен штрајк. Станува збор за вработени кои контролираат патници, персонал, стоки и товар или работат во сервисни области. Верди преговара со здружението на работодавачи БДЛС за нов рамковен колективен договор со кој ќе се подобрат работните услови за професионалците за воздухопловна безбедност.

Синдикатот сака да го зголеми притисокот врз работодавачите. Следната рунда преговори е закажана за 26 и 27 март 2025 година. Федералната асоцијација на компании за безбедност на авиокомпании (BDLS) силно ги критикуваше штрајковите, сметајќи ги како доказ за „претерувања на синдикатот“.

(Фото: АП виа Дејли Сабах)

Клучни зборови

  • аеродроми
  • Верди
  • Германија
  • откажани летови
  • штрајк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk