Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Поради овие причини Мудис ја намали својата перспектива за американската економија

13 ное. 2023 г.·2 мин читање·1503 прегледи

Следете не на Viber

Рејтинг агенцијата Мудис го потресе Вашингтон со намалувањето на економската перспектива на земјата на „негативна“ од „стабилна“, наведувајќи го растечкиот фискален дефицит.

Во својот последен извештај, агенцијата за рејтинг соопшти дека рејтингот на САД Ааа стана негативен поради опаѓањето на фискалната сила на земјата. Групата рече дека „со повисоки каматни стапки и без ефективни мерки на фискалната политика за намалување на владините трошоци или зголемување на приходите“, дефицитите ќе останат големи и ќе ја ослабат достапноста на долгот на земјата.

Мудис во соопштението рече дека „континуираната политичка поларизација“ во Конгресот го зголемува ризикот дека пратениците можеби нема да можат да најдат заеднички јазик за планот за забавување на падот на достапноста на долгот. Moody’s рече дека овогодинешниот пораст на приносите на Министерството за финансии „го зголеми веќе постоечкиот притисок врз достапноста на американскиот долг“. „Секој вид на значаен политички одговор што би можеле да го видиме на оваа опаѓачка фискална сила веројатно нема да се случи до 2025 година поради реалноста на политичкиот календар следната година“, изјави за Ројтерс Вилијам Фостер, виш потпретседател во Мудис.

Одлуката на Мудис следи по намалувањето на кредитниот рејтинг на САД во август од страна на Fitch на АА+ од ААА. „Фич“ стана втората агенција по „Стандард и Пурс“ што го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави, наведувајќи го фискалното влошување и повторените преговори за плафонот за долгот, при што два договори веќе паднаа оваа година и се заканија со затворање на владата.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден одговори на намалувањето на рејтингот на Мудис преку заменик-секретарот за финансии, Воли Адејемо, кој во изјава рече: „Ние не се согласуваме со промената на негативна перспектива“.

„Американската економија останува силна, а државните хартии од вредност се најистакнатите безбедни и ликвидни средства во светот“, додаде тој.

Клучни зборови

  • Moody’s
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk