Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Професор Поповски: Промените во монетарната политика се оправдани и неопходни

19 сеп. 2022 г.·2 мин читање·733 прегледи

Следете не на Viber

Професорот Никола Поповски во интервју за МТВ објаснува дека во услови на висока инфлација, нашата централна банка, како и останатите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, а очекува дека во натамошниот период постепено ќе се стабилизира инфлацијата. Тој нагласува дека овие мерки позитивно ќе делуваат и на домашното штедење. Ја истакнува и важноста на мерката на Народната банка за поддршка на компаниите за инвестиции во обновливи извори на енергија, преку пониски каматни стапки на овие кредити.

„Народните банки, централните банки, секаде во светот, како и нашата Народна банка, преземаат мерки колку е можно за да се контролира инфлацијата. Ако не за да ја намалиме, тогаш барем за да го оневозможиме натамошниот раст. Од тие причини, во неколку наврати, се зголемува базичната стапка на благајничките записи, односно референтната стапка, којашто стигна до 3%. Таа сè уште не е висока“, вели Професорот Поповски.

Во однос на натамошната динамика на инфлацијата, Никола Поповски рече: „Добрата вест е што нивото на раст на инфлацијата забавува и од неколку проценти месечно, сега се намалува на 2, па на 1% месечно, со тенденција, веројатно, во текот на зимава уште малку да се задржи заради војната и снабдувањето со енергентите, а веќе од наредната година (март, април, кога и почна ценовното ниво да оди нагоре), да се намалува, односно да стагнира.“

Клучни зборови

  • монетарна политика
  • Народна Банка на Република Северна Македонија
  • Никола Поповски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk