Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Попова Шапка домаќин на државното првенство во сноуборд и “ФИС Сноуборд Куп 2023”

7 фев. 2023 г.·2 мин читање·5448 прегледи

Следете не на Viber

Денес и утре (07 и 08.02.2023), Попова Шапка е домаќин на државното првенство во сноуборд на Македонија и “ФИС Сноуборд Куп 2023“, во организација на Скијачката федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС), и сноуборд клубот XMKD.

На државното првенство ќе учествуваат повеќе од 50 натпреварувачи од повеќе земји, меѓу кои се: Македонија, Србија, Бугарија, Грција и Романија. Натпреварувачите ќе се натпреваруваат во дисциплините Велеслалом и Слоупстајл (олимписки дисциплини), во машка и женска конкуренција. Натпреварот во дисциплината Велеслалом ќе се одржи на 07.02, додека пак во дисциплината Слоупстајл на 08.02.2023 година.

Поради значителниот ангажман на техничкиот организатор, клубот XMKD, тренерот по сноуборд фрирајд Бојан Андонов и помошта од ски центарот Попова Шапка и Кодра freeriders, натпреварувачите ќе имаат шанса да ги покажат своите вештини на исклучително спремен терен, по највисоки стандарди, во погодни временски услови.

Ваквите меѓународни натпревари и купови се одлична прилика за промоција и афирмација на овој наш зимски туристички центар, кој со големите инвестиции, дури и во време на економска криза, успеа да ги врати македонските љубители на зимските спортови да зимуваат во Македонија.

“Попова Шапка нуди одлични климатски и географски услови за уживање во зимските спортови, а со континуираните инвестиции во скијачките капацитети, соработката со Скијачката Федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) и клубовите како XMKD, скијачките центри како Попова Шапка добиваат на популарност, се шири интересот кај младите за зимските спортови и пред се истите да спортуваат во Македонија. Овогодинешните натпревари во сноуборд на Попова Шапка, во две дисциплини само дополнително придонесуваат за афирмација на зимските спортови во република Македонија.“ – изјави Дејан Пановски, претседател на Скијачката федерација на Македонија.

Им посакуваме успешен настап на сите натпреварувачи, за време на двата натпреварувачки денови и ги повикуваме сите љубители на зимските спортови да го посетат скијачкиот центар Попова Шапка и да уживаат во одличната атмосфера и организација на овогодишното државно првенство во сноуборд и “ФИС Сноуборд Куп 2023“.

Клучни зборови

  • Попова Шапка
  • ФИС Сноуборд Куп 2023
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk