Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПОМАЛКУ ГРАДЕЖНИ ДОЗВОЛИ, ПОНИСКА ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ: Станови, сепак, се градат – еден во Ранковце, 164 во Центар

13 фев. 2025 г.·2 мин читање·4212 прегледи

Следете не на Viber

За два проценти се намалени издадените дозволи за градба, а за 22,6 отсто е пониска вредноста на планираните објекти, на годишно ниво. Декемвриските податоци на Државниот завод за статистика упатуваат на 287 одобренија со предвиден износ од 4.954.058.000 денари, односно 80,5 милиони евра. Најголемиот дел од дозволите се однесуваат на Полошкиот, а најмногу нови станови ќе има во Скопскиот регион, поточно на територијата од Општина Центар.

Од вкупниот број издадени дозволи, најбројни се – 175 или 61 процент за изградба на објекти од високоградба. За нискоградба се 48 (16,7%), а за реконструкција се 64 (22,3%). Што се однесува до инвеститорската структура, одобренијата се поделени така што 157 (54,7%) ги добиле физички лица, а 130 (45,3%) се доделени на деловни субјекти.

Во рамките на издадените одобренија е и планираната изградба на 705 станови со вкупна корисна површина од 59.557 квадратни метри. Што во градежниот сектор претставува реализација на  нови инвестициски проекти. Регионалната распределба на дозволите покажува различни трендови. Кога се работи за новите станови, 210 ќе се градат во Скопскиот регион. Од нив, 164 ќе имаат адреса во Центар. Инаку, овој регион со две дозволи (вкупно 68) заостанува зад Полошкиот. Издадените 70 одобренија претпоставуваат и изградба на 126 станови, од кои 85 во Гостивар.

Троцифрен е и бројот на становите што ќе се градат во Југозападниот и во Источниот регион. Од издадените 15 дозволи ќе произлезат и 141 станбена единица. И безмалку сите, односно 133, ќе бидат на територијата на Охрид. Кога станува збор за истокот на државата, ќе има 106 нови станови, од кои 67 во Кочани, а вкупно се дадени 50 одобренија за градба.

Од друга страна, најмалку одобренија – пет, се однесуваат на Североисточниот регион. Таму ќе се гради само еден стан. Во Ранковце.

Клучни зборови

  • Државен завод за статистика
  • нови станови
  • одобренија за градба
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk