Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Помали нарачки и отпуштања, но Мода и извезе и заработи над планираното

1 мар. 2026 г.·2 мин читање·12473 прегледи

Следете не на Viber

Подобри производни резултати, раст на извозот и четирикратно повисока добивка од планираната се минатогодишните остварувања на Мода од Свети Николе. Во реализацијата на деловните активности компанијата успешно се справила со намалената побарувачка од германскиот партнер и со притисокот од растот на платите, што влијаело на конкурентноста.

Компанијата во текот на годината произвела и извезла 761.663 конфекциски производи во вредност од 4,07 милиони евра, што е за 5,4 насто повеќе од 2024 година. Производството е зголемено за 8 насто, а продуктивноста исто така бележи напредок. Со реализирани 496.080 ефективни работни часови – за 3 проценти повеќе од лани – остварениот девизен прилив по работен час достигнал 8,21 евро, што претставува подобрување од 2,4 проценти.

Растот на извозот доаѓа во услови на намалена побарувачка од германската Касамода, која е и мнозински сопственик на друштвото. За да го амортизира ударот, компанијата обезбедила дополнителни нарачки од други партнери и произвела 29.734 кошули за останати коминтенти, во вредност од 195 илјади евра.

Финансиските показатели покажуваат умерен, но стабилен раст. Приходите од редовното работење изнесуваат 290,5 милиони денари и се зголемени за 4 проценти, додека расходите достигнале 284,1 милион денари, со раст од само 0,9 проценти. Најголемо зголемување има кај трошоците за вработените, за 3,3 проценти, додека останатите трошоци се намалени.

Мода ја заокружила деловната 2025 година со добивка од 3,93 милиони денари, што е четири пати повеќе од планираното. Финансиските приходи и расходи се на ниско ниво и немаат значително влијание врз крајниот резултат.

И покрај позитивните бројки, велат од Мода, предизвиците остануваат сериозни. Во текот на годината, поради намалени нарачки и притисок врз конкурентноста, отпуштени се 26 работници како технолошки вишок. Негативниот тренд продолжува и во 2026 година – од април дневните нарачки од Касамода ќе се намалат од 2.500 на 2.000 парчиња. Ова, според најавите, може да доведе до нови отпуштања и дополнителни трошоци за отпремнини, што ќе влијае врз финансискиот резултат.

Р.П.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • добивка
  • Извоз
  • Мода Свети Николе
  • финансиски резултати 2025
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk