Сите надлежни, сѐ до премиерот, ја најавуваа минатата зима како најтешка по Втората светска војна. Цените на гасот и на струјата во еден момент достигнаа децениски рекорди и стравувањата беа како да се платат. За среќа, зимата му беше наклонета на народот, па преполните резервоари со гас низ Европа не се трошеа со претпоставеното темпо, што доведе до извесно смирување и на цените на електричната енергија.
Пред нас е уште една неизвесна зима. Војната во Украина не стивнува, а сите прогнози се неблагодарни. Порталот Пари, во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, погледна наназад – што им се случуваше на енергетските компании за време на најголемата криза од финансиски аспект и колку тие се подготвени за новата сезона?
ТОП 5 енергетски фирми по приход во 2022 година
(во евра)
ДОМАЌИНСТВАТА, МАЛИТЕ ФИРМИ (И ОНИЕ „ВО КРАЕН СЛУЧАЈ“) ЛАНИ ПЛАТИЛЕ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТРУЈА
ЕВН Македонија, како што е објаснето на официјалната веб-страница, е составена од повеќе компании: ЕВН Хоме, ЕВН Снабдување, ЕВН Електрани, и Електродистрибуција.
ЕВН Хоме снабдува со електрична енергија над 700.000 корисници. Поточ…