Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ССК и полицискиот синдикат ќе делуваат за обезбедување на владеење на правото

25 јун. 2020 г.·3 мин читање·106 прегледи

Следете не на Viber

Владеење на правото и унапредување на демократските процеси се дел од целите на договорот кој денес го потпишаa потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Драган Митковски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат проф.д-р Марјан Кицев. Примарната цел на договорот е создавање платформа, за институционално делување. 

„По примерот на европските земји, деловната заедница обединета во Сојузот на стопански комори на Македонија ја зацврстува соработката со Македонскиот полицискиот синдикат. Нашите заложби ќе бидат насочени кон воспоставување на систем за обезбедување на владеење на правото како и посветено делување за сузбивање на сивата економија. Институционално ќе делуваме со заеднички проекти во насока на унапредување на демократските процеси.

Се посветува големо внимание и на практикување на општествената одговорност особено во услови на здравствено – економска криза и обезбедување средства за заштита кои се неопходни за полициските службеници, а кои се обезбедуваат од деловната заедница“, изјави Митковски и додаде дека Сојузот со склучени договори со релевантните институции, синдикати, организации и асоцијации, национално и интернационално делува кон подобрување на деловното опкружување кое ќе го поддржи економскиот раст.

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат проф.д-р  Марјан Кицев истакна дека поддршката која во изминатиот период полицискиот синдикат ја добива од деловната заедница, како и од останатите чинители во општеството е позитивен сигнал во заложбите за подигнување на висока свест за општествената одговорност и хуманиот пристап во работењето.

„Овој договор и целите кои во него заедно ги зацртавме да ги реализираме со Сојузот на стопански комори на Македонија, со особен фокус на владеење на правото и унапредување на демократските процеси е само почеток на нашата официјална соработка. Верувам дека ќе вроди со крупни позитивни општествени промени и ќе биде пример  за успешност, препознаен и вреднуван од надлежните институции.

Во Македонскиот полициски синдикат, членуваат над 8500 членови, и  важиме за еден од најорганизираните и најголемите гранкови синдикати во Република Северна Македонија и единствен репрезентативен синдикат во МВР, Агенција за разузнавање, Агенција за национална безбедност и Управа за финансова полиција.

Македонскиот полициски синдикат е примен како рамноправен член во рамките на Советот на Европските полициски синдикати, асоцијација која работи и делува во рамките на Советот на Европа и во која членуваат преку 400.000 полициски службеници од цела ЕУ”, изјави Кицев и додаде дека верува во постигнување на врвни резултати, воспоставување и имплементирање на најдобрите светски признати практики за општествен напредок. 

Сојузот на стопански комори на Македонија, како најголема деловна мрежа која застапува преку 35 стопански комори и организации, ги застапува интересите на македонските претприемачи и продолжува да се залага за економски силна држава. 

Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

Клучни зборови

  • Драган Митковски
  • Марјан Кицев
  • полициски синдикат
  • Сојузот на стопански комори
  • ССМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk