Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПОГРЕШНА СТРАТЕГИЈА? – И покрај високите давачки, кинеските автомобили ја освојуваат Европа

16 дек. 2025 г.·3 мин читање·4388 прегледи

Следете не на Viber

Кога Европската Унија ги воведе високите царини за електричните возила произведени во Кина, пораката беше јасна: да се заштитат европските автомобилски производители и да се принудат кинеските брендови да инвестираат и произведуваат локално. Но, неколку месеци подоцна, резултатите покажуваат поинаква слика: кинеските автомобили не само што не исчезнаа од европските патишта, туку ги има сè повеќе.

И покрај дополнителните царини што достигнуваат и до 35 проценти, покрај основната увозна давачка од 10 проценти, продажбата на автомобили произведени во Кина продолжува да расте. Годинава се очекува низ Европската Унија, Велика Британија и земјите од ЕФТА да се продадат повеќе од 700.000 кинески автомобили, што е драматичен скок во споредба со околу 408.000 продадени лани.

Наместо да ја намалат побарувачката, царините ја пренасочија. Мерките се однесуваат првенствено на целосно електрични возила и на електрични модели со продолжен дострел, додека хибридните автомобили и оние со мотори со внатрешно согорување остануваат опфатени само со основната царина од 10 проценти. Кинеските производители брзо ја препознаа оваа „дупка“ во регулативата и ја приспособија својата понуда кон модели што не подлежат на повисоките давачки.

Резултатот е јасен. Додека во периодот од јануари до октомври 2024 година електричните возила учествуваа со 44 проценти во продажбата на кинески автомобили во Европа, овој удел годинава падна на 34 проценти. Сè поголем дел од увозот го сочинуваат хибридните модели, кои полесно ја минуваат царинската бариера.

Според експертите, економската логика е на страната на кинеските производители. Трошоците за производство во Кина се и до 30 проценти пониски отколку во Европа, што значи дека преместувањето на фабрики на европско тло, барем засега, не носи доволна финансиска корист. „Одлуката на ЕУ остави голема дупка отворена за целосно хибридни возила, па дури и за хибриди што доаѓаат од Кина“, изјави за Auto News извршниот директор на „Џефрис“, Филип Ушоа, додавајќи дека околу две третини од кинеските возила увезени годинава плаќаат само стандардна царина.

Иако една од клучните цели на Брисел беше да ги натера кинеските брендови да отвораат фабрики во Европа, локалното производство засега останува ограничено. Се проценува дека оваа година помалку од 20.000 возила од кинески марки ќе бидат склопени во Европа. Најамбициозен е BYD, кој гради фабрика во Унгарија со капацитет од 150.000 возила годишно, но таквите проекти сè уште се исклучок, а не правило.

Сепак, интересот полека расте. Leapmotor планира производство на моделот B10 во Шпанија, додека Great Wall Motor најави дека до 2029 година би можел да произведува и до 300.000 возила годишно во Европа. Донгфенг и Хонгки разгледуваат можни локации, а компании како Чери, Експенг и ГАК веќе склопуваат ограничени серии на европско тло.

Засега, европската стратегија за заштита од кинеската автомобилска офанзива изгледа како двосек меч. Наместо да го затвори пазарот, таа ги поттикна производителите од Кина да најдат алтернативен пат – со што Европа, барем привремено, си создаде конкуренција што станува сè посилна, пофлексибилна и поприсутна на нејзините патишта.

(Фото: Unsplash)

Клучни зборови

  • Европа
  • Кинески автомобили
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk