Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Подемот на е-трговијата во бизнисот: Огнен Костовски од ФМТКП еден од говорниците на 9. FMCG Summit Skopje

25 окт. 2023 г.·2 мин читање·2284 прегледи

Следете не на Viber

Во четврток, 26. октомври, во хотелот „Александар палас“ во Скопје ќе се одржи деветтото издание на FMCG Summit Skopje, на кој ќе учествуваат голем број домашни и странски компании од секторот трговија со стока за широка потрошувачка во земјава.

9. FMCG Summit Skopje ќе понуди домашни, регионални и глобални успешни практики и искуства, а вкупно 14 говорници од земјава и регионот ќе ги споделат искуствата од најиновативните бизниси, а воедно и ќе ги презентираат најновите трендови во FMCG индустријата.

Еден од говорниците на 9. FMCG Summit Skopje ќе биде и Огнен Костовски – Лидер на тимот за дистрибуција во компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп. Костовски ќе ги претстави иновациите што на македонскиот пазар ги донесе лидерот во тутунската индустрија Филип Морис Интернешнал, кој ја прифати промената и комплетно го пренасочи својот фокус кон нов и помодерен бизнис модел. Компанијата не само што се адаптираше на промените и новите трендови, туку и поставува нови стандарди во својата индустрија и работење. Посебен акцент ќе биде ставен на дигитализацијата и посебно онлајн продажбата, како и воведувањето на платформата за е-нарачки на ФМТКП, во соработка со нивниот дистрибутер и целосната дигитална комуникација во процесот на малопродажба.

Огнен Костовски ја почна кариерата во ФМТКП во 2016 година, како соработник за распоредување на брендот и координатор за производство. Неговата експертиза е во управувањето и развојот на дистрибуцијата, деловните односи и планирањето. Фокусот на Огнен резултира со успешна транзиција од претходниот модел на дистрибуција кон новиот, најсовремен пристап до пазарот (route-to-market), обележан со целосна дигитализација на процесот на нарачување и дистрибуција преку имплементација на платформата за е-нарачки.

FMCG самитот е ексклузивно случување во секторот трговија со стока за широка потрошувачка и централно место кое ги  поврзува трговците, произведувачите и дистрибутерите. Пред присутните на самитот, своите драгоцени искуства и знаења ќе ги споделат 15 говорници, а се очекуваат околу 400 гости.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • FMCG Summit Skopje
  • е-трговија
  • Огнен Костовски
  • ФМТКП
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk