Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

За јуни помалку фирми барале поддршка за исплата на плата

9 јул. 2020 г.·1 мин читање·2284 прегледи

Следете не на Viber

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека мерката за финасиска поддршка за исплата на плати за април, мај и јуни ја искористиле вкупно 55.025 работодавачи.

Опфатени се 319.859 вработени, а вкупната финансиска поддршка за трите месеци изнесува 4.458.719.347 денари.

Финансиска поддршка искористиле и 17.615 физички лица кои вршат самостојна дејност, а вкупниот износ за оваа намена е 255.417.500 денари.

За мерката субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за трите месеца одобрени се 2.101 барање, а за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите за јуни, јули и август досега се поднесени 68 барања.

За ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка одобрени се 973 барања, а за ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на личен доход 707 барања.

Од УЈП истакнуваат дека ваквата искористеност на мерките е резултат на брзото, лесно и едноставно аплицирање.

Клучни зборови

  • исплата на плати
  • Управа за јавни приходи УЈП
  • финасиска поддршка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk