Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Податоци на АЕК: Преку мобилен на интернет се „закачени“ речиси 1,5 милион граѓани

3 јул. 2023 г.·2 мин читање·1054 прегледи

Следете не на Viber

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа, на крајот од минатата година имале 1.458.377 претплатници, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации. Најголем удел во бројот на претплатници со 48,66 проценти има А1 Македонија, по што следат Македонски телеком  со 47,50, Лајкамобајл со 2,05, Роби со 1,64, Греен мобиле со 0,12 и МТЕЛ со 0,03 отсто.

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во тој период достигна 1.932.871. Од нив, 739.078 се при-пеид, 944.394 резиденцијални пост-пеид, а 249.399 деловни пост-пеид претплатници.

Во вкупниот број активни претплатници Македонски телеком и А1 Македонија имаат по 47,83 проценти удел, Лајкамобајл 2,88, Роби 1,23, МТЕЛ 0,12 и Греен мобиле 0,11 проценти, покажуваат податоците на АЕК.

Врз база на приходите од обезбедувањето мобилни комуникациски услуги, односно во малопродажбата, во последното ланско тримечје најголем удел има Македонски телеком 51,12 проценти, пред А1 Македонија со 47,20, Роби со 0,86, Лајкамобајл со 0,66, Греен мобиле со 0,12 и МТЕЛ со 0,03 отсто.

Во четвртиот квартал лани се регистрирани 438.586 фиксни линии, од кои на Македонски телеком отпаѓаат 51,20, а на А1 Македонија 42,29 проценти.

Клучни зборови

  • АЕК
  • Греен мобиле
  • Лајкамобајл
  • македонски телеком
  • Роби
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk