Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Подарени 17.324 акции на Македонски телеком вредни 124 илјади евра

13 окт. 2025 г.·2 мин читање·1889 прегледи

Следете не на Viber

Акции на 17 друштва минатата недела минале низ процесот на нетрговскиот трансфер. Вкупно се 21.544 акции, повеќето обични. Најголемиот дел од нив – 16.247 биле подарени во понеделникот.

Бројноста ја креваат акциите на Македонски телеком. Тој ден како подарок или наследство се дадени 15.869 обични акции, чија вредност е 113,5 илјади евра. Утредента се трансферирани 103, во четвртокот уште 494 обични акции и во петокот 858. Вкупно 17.324 кои чинат околу 124 илјади евра, затоа што цената за акција е 440 денари.

Во два наврати е извршен пренос на акции од шест друштва.

Со знакот на Алкалоид се вкупно 520 акции, трансферирани 120 на почетокот, а 400 на крајот од работната седмица. Просечната цена на фармацевтската акција е 25.817,95 денари.

Во понеделникот 154, а во средата се заведени 30 обични акции со знакот на Комерцијална банка. Најтргуваната акција има просечна цена од 27.475,67 денари.

На двапати се среќаваат и акциите на три друштва со предзнакот РЖ: Техничка контрола (602 и 12); Интер-Трансшпед (30 и 30); Економика (29 и 28). И во оваа неделна статистика се застапени акции на Уготур, овојпат 32 и 31.

Единствените подарени приоритетни акции се на Стопанска банка Скопје, прво 218, потоа уште 9.

Со поголема бројност се нетрговските трансфери реализирани со акции на две друштва. Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се забележани 962 акции на Либерти и 577 обични акции на АрцелорМиттал (ХРМ) АД Скопје.

Пренос на сопственоста е извршен на по 244 обични акции издадени од Гранит и од РЖ Услуги АД Скопје.

Со повеќе од сто акции направени се три трансфери: со 176 акции на Тутунски комбинат АД Прилеп, со 143 на Стопанска банка Битола и со 104 акции на НЛБ Банка.

Сопственоста е пренесена и кај 26 акции на Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, како и кај 19 акции на Раде Кончар – Апаратна техника.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • македонски телеком
  • нетрговски трансфери
  • Централен депозитар за хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk