Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПОД СЛОГАНОТ „ЦРН ПЕТОК“ граѓаните ќе ги бојкотираат маркетите: Но дали ќе се избегне двојно трошење другите денови?

5 фев. 2025 г.·2 мин читање·2751 прегледи

Следете не на Viber

Во Македонија, како и во многу други земји, се забележуваат високите цени на производите, што се должи на неколку фактори. Еден од главните фактори е инфлацијата, која доведува до зголемување на цените на основните производи и услуги. Но и поради нерамнотежата помеѓу понудата и побарувачката. Некои производители или маркети ја искористат повисоката побарувачка и ја зголемуваат цената. Затоа и постои реакција од потрошувачите, кои не се задоволни со зголемените цени и изразуваат револт преку  бојкоти и бараат регулирање на цените.

Деновиве на социјалните мрежи се шират нови повици за бојкот на маркетите и овој петок. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од купување, а акцијата е наречена „Црн петок“ за маркетите.

Минатонеделниот бојкот кој  одеше под слоганот „Попусто попусти кога цените се исти“, доби широка поддршка од јавноста, политичките партии и Владата.

Според податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), регистрираниот промет во осумте најголеми ланци на маркети во државата изнесувал 114,3 милиони денари, што е значителен пад од 46,59% во споредба со 24 јануари, кога прометот бил 214 милиони денари. Во однос на претходниот ден, 30 јануари, падот на прометот изнесувал 46,29%.

Но прашањата се дали овие залихи граѓаните ги правеле претходниот ден, за да се обезбедат за петок, или пак наредниот ден, во саботатат, ги испазариле недостатоците од маркетите за својот дом.

Од она што досега можело да се види на терен од инспекторите е дека цени се ставале од ракав, во перидот кога имало одредени мерки од страна на надлежните кој опфаќале околу 3000 производи, цени на останатите над 40 000 призоводи низ маркетите неконтролирано се покачувале. Откако ќе заврши целосната анализа, се очекува да бидат изречени и првите казни. Премиерот Христијан Мицкоски очекува многу скоро да бидат видливи привте резултати од инспекциските конторли.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека последните три години храната поскапела за 36 проценти. Основните продукти како лебот поскапел за над 40%, месото над 36%, млекото, сирењето и јајцата за 39 отсто, овошјето за 33 отсто, а зеленчукот за над 44 проценти.

Клучни зборови

  • бојкот
  • македонија
  • маркети
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk